Тања направи гала прослава за роденденот на ќерката – погледнете го автомобилот што го купи за неа
Големо БРАВО за тато и мама
Познатата фолк-пејачка Тања Јовановска Трајкова го прослави 18-от роденден на својата ќерка Драгана Јовановска.
Тие и двете блескаа на прославата на која присуствуваа бројни познати личности, не тргајќи ги насмевките од лицата.
Многумина коментираа дека ќерката неодоливо потсетува на својата мајка, а од бројните снимки што испливаа на социјалните мрежи од присутните можевме да видиме како ужива и сопругот на Тања додека на увце му пееше Анета Љумаковска.
Фејсбук/ Тања Јовановска
Тие сите позираа и заедно, а секако најсреќна беше славеничката која цела вечер не ја криеше својата преголема радост.
Познатата пејачка за својата ќерка приреди гала прослава, а како изгледаше убавата славеничка, погледнете во продолжение.
Фејсбук/ Тања Јовановска
Она што привлече големо внимание беше и подарокот што Драгана си ги доби за својот 18-ти роденден – автомобил!
Фејсбук/ Тања Јовановска
Па големо браво за тато и мама, но и за славеничката која цел живот ќе се сеќава на овој преубав ден од нејзиниот живот.
Фејсбук/ Тања Јовановска
Фејсбук/ Тања Јовановска
Фејсбук/ Тања Јовановска
Фејсбук/ Тања Јовановска
Потсетуваме, наследничката на познатата фолк-пејачка Тања Јовановска, Драгана Јовановска, од најмали нозе е со музиката. Таа од седумгодишна возраст оди на музичко училиште и посетува часови по пијано и пеење, а на 8-годишна возраст веќе настапува и на „Златно славејче“.
Фејсбук/ Драгана Јовановска
Како мала Драгана беше дел и од „Пинкови ѕвездички“, каде ги воодушевуваше сите со своите генијални настапи.
Фејсбук/ Драгана Јовановска
Следуваа бројни награди што оваа млада дама ги добива во текот на кариерата, но и песни што освојуваат на прво слушање. Па така Драгана ова лето ја објави песната „Гламур“ проследена со преубав спот, а како блескаше во него, погледнете во продолжение.