Тања Кочовска објави фотографија од болница – Фановите загрижени, вистинската причина ги изненади сите! (Фото)

Актерката Тања Кочовска предизвика лавина реакции на социјалните мрежи откако објави фотографија од болничка соба.
Следбениците веднаш почнаа да коментираат и да се прашуваат што се случува, но зад сликата се крие емотивна причина.
Кочовска со оваа објава откри дека со сопругот, актерот Предраг Павловски, прославуваат три децении брак.
Покрај фотографијата од болницата, таа сподели и слика на која Предраг ѝ носи печена риба, а до нив напиша едноставно: „30 години“.
Да потсетиме, Во 2022 година Тања стана баба, кога нејзиниот син Александар доби син по име Јоаким. Александар е син на актерот Владимир Ендровски – Љац, кој почина во август 2023 година.
Од бракот со Предраг, таа ја има ќерката Нела Павловска, која исто така ја продолжува семејната актерска традиција.