Наши ѕвезди

Погледнете како Тамара Тодевска го „фура“ омилениот тренд на Ким Кардашијан

Advertisement

Големо браво за ова кул издание на Тамара

Advertisement

Нашата позната пејачка Тамара Тодевска објави „селфи“ фотографија направена во лифт, а во коментарите напиша дека претходната ноќ си поминала одлично на настапот во „Станица 26“. Таа на фотографијата позира во одлично издание составено од црна бомбер јакна, тренди маица и црвени панталони-тренерки кои се апсолутен хит во последните неколку сезони.

https://www.instagram.com/p/BgHezdjAuP7/?taken-by=tamaratodevska

Инаку, панталоните кои потсетуваат на тренерки, и обратно, не се никаква новост во модниот свет. Тие веќе неколку години се на самиот врв меѓу модните трендови, а главни виновнички за нивната популарност се манекенките Кендал Џенер и Џиџи Хадид, но и  старлета Ким Кардашијан. Многу жени го обожаваат овој тренд бидејќи дава слобода и максимално е удобен за носење, а ако сакате да го пробате тоа можете да го направите и сами со едноставно додавање на лента во впечатлива боја странично на ногавиците.

Advertisement

Трендот е толку симпатичен што можете да го носите во пролетна и летна сезона, но и преку есен и зима. Па доколку ви се допаѓа набавете долен дел тренерки што поскоро (или направете од панталони), а дали ќе го носите со женствена блуза или обична спортска маица, останува на вас.

https://www.instagram.com/p/BgHezdjAuP7/?taken-by=tamaratodevska

Па, дали ви се допаѓа Тамара во ова издание?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button