Тамара Тодевска покажа гoл стомак и го зaпaли интернетот – откако се преполови не излегува од теретана, еве како изгледа сега!
Тамара Тодевска на својот Инстаграм сподели фотка од теретана и пријатно ги изненади своите фанови.
Тамара веќе со месеци напорно тренира и води сметка за исхраната, а можеме и сами да видиме дека тоа дава резултати.
Таа овој пат позираше во кратка маичка и во хеланки, така што во центарот на вниманието е нејзиното убаво женско тело.
Таа покажа дека е подготвена за нови подвизи и настапи, штом ситуацијата со пандемијата конечно ќе заврши.
Таа позираше пред огледалото во опуштено издание, со капа на главата, а на лицето нема ни грам шминка.
Тајната на нејзиниот успех
Очигледно дека вишокот енергија што порано го користеше за своите настапи, Тамара сега го користи да го донесе своето тело до совршенство.
Имено, Тодевска која важи за една од најдобрите и најпопуларните пејачки во Македонија, додека трае пандемијата предизвикана од вирусот корона, своето време го користи да биде со семејството, сопругот Александар Димитровски и наследниците Дарен и Хана. Но Тамара редовно оди и во теретана, каде вежба и се грижи за својот изглед, што можеме да забележиме и од нејзините фотки.
Нема сомнеж дека пејачката со своите објави ги мотивира своите обожаватели да ги засукаат ракавите и да почнат да се грижат за своето здравје. А доколку случајно се прашувате во што се крие тајната на нејзиниот сегашен добар изглед, покрај нејзините мајчински и работни обврски кои исто така ја одржуваат во топ форма, популарната пејачка во една пригода го откри и нејзиниот рецепт.
Таа во една пригода на својот профил на социјалните мрежи се пофали дека успеала да ослаби дури 20 килограми. Таа тогаш објави фотка на која носи тесни фармерки и маичка, а во описот напиша дека успеала да намали и цели 17 сантиметри обем во струк, што навистина е за секоја пофалба.
Тамара постигна неверојатни резултати и тоа за многу кратко време откако по втор па се оствари во улога на мајка и го роди Дарен. Покрај него, таа ја има и ќерката Хана.
Како што самата изјави во една пригода, покрај специјалниот режим на исхрана, во слабеењето и помогнаа и редовните тренинзи во теретана како и тоа што од менито потполно ги има исфрлено штетните намирници.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска