Тамара се извини што ја утна македонската химна, но обожавателите НЕ го прифатија извинувањето. Коментарите се безмилосни …
Не подигна долго време по гафот со болничките комбиња, Тамара Тодевска повторно направи скандал.
Имено, таа настапи на прославата на Денот на независноста на САД во американската амбасада, ја изведе македонската химна и погреши, односно не го испеа делот од песната во која се набројуваат нашите народни херои. Ова наиде на осуда од страна на јавноста, по што следеше извинување од пејачката преку социјалните мрежи. Еве што напиша таа:
„Почитувани,
Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка. Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД. Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната.
Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната.
Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите.
Со почит, Тамара“
Но очигледно ова не беше доволно, па така под нејзиното извинување можете да прочитате бројни негативни коментари од револтираните обожаватели кои не штедат зборови за да го искажат своето разочарување.
„Врати ги парите и продолжи да бидеш тоа што си беше. Вака се повеќе и повеќе се срамиш и си ја уништуваш кариерата. Ништо не може да ти го испере овој срам, сега и 10 амбулантни возила да му купиш на овој народ нема да ти прости а камо ли па со едно лицемерно извинување. Баш на тој дел те здрма еуфорија м? Прикаски за мали деца Тамарке!“, „Настап на парадата, алчна изјава против амбулантни возила и грешење на химна? Не ми изгледа на случајно.“ „Претера со PROUDот срцка. За озбилно си свати дека јак успех имаш напраено. Иди на одмор, земи воздух и продужи со вадење квалитетни песни у тандем со Игор“ пишуваат револтираните корисници на социјалните мрежи.