CelebrityНаши ѕвезди

Талентираната Тина Русева со маестрален настап во германското шоу „Војс“ – „Ова поглавје завршува, но моето срце е полно“

Advertisement

Македонската талентка Тина Русева од Струмица уште еднаш блесна на големата сцена, овојпат во тимските битки на германското музичко шоу „Војс“ во Германија. Со моќна, но нежна изведба на култната балада „Killing Me Softly With His Song“, Тина остави силен впечаток и кај публиката и кај жирито.

Иако нејзиниот настап беше исполнет со емоција, контрола и автентична интерпретација, Русева не успеа да го обезбеди своето место во следната рунда. По елиминацијата, таа им се обрати на своите следбеници со долга и искрена порака на Facebook.

Advertisement

„Тука се затвора едно прекрасно поглавје. Моето патување на ‘Војс’ заврши, но моето срце е пополно од кога било“, напиша Тина, нагласувајќи дека поддршката од луѓето и љубовта што ја добила ѝ дале сила да продолжи напред.

Таа откри дека во тимските борби вложила „сила, оган, нежност и емоција“, но дека резултатот не ја обесхрабрува. Напротив — нејзиниот настап на „Comeback Stage“ ѝ бил јасен знак дека „Бог има друг план“.

„Затворените врати честопати водат кон отворање на нови. Ова не е крај. Ова е само почеток“, порачува пејачката, додавајќи дека ветувањата што си ги дала себеси сега добиваат сосема нова тежина.

Русева им се заблагодари на сите кои ја поддржуваа во текот на натпреварувањето: „Премалку е што и да кажам за сета љубов и поддршка што ја добивам од сите вас. Ве сакам сите“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button