„Тајно моја“ – мјузиклот посветен на Тоше Проески в петок премиерно во МОБ (видео)
Во Македонската опера и балет в петок во 20ч. ќе биде промовиран мјузилкот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески.
„Тајно моја“ е проект во копродукција со фондацијата „Тоше Проески“ во чест на најголемата македонска музичка ѕвезда. Организиран е во годината кога се одбележуваат десет години од прераната смрт на Тоше (1981-2007).
Мјузиклот е базиран на голем број негови музички хитови, како Тајно моја, Немаш ни благодарам, Игри без граници, Полско цвеќе, Усни на усни, Сонце во твоите руси куси, The Hardest Thing…
Закажани премиери:
10.03.2017 презакажан за 24.03.2017 во 20ч.
21.03.2017 презакажан за 26.03.2017 во 20ч.
28.03.2017 во 20ч. – трета изведба
Билетите се во продажба на билетарница на МОБ 02 3118451, ЈУГОТОН ГТЦ 1-кат, и онлајн на www.mob.mk или на www.mktickets.mk.
Билетите за премиерната изведба на ТАЈНО МОЈА, мјузиклот во чест на Тоше Проески, кој е во продукција на МОБ, се распродадени. Затоа, МОБ најавува втора и трета изведба на ТАЈНО МОЈА на 26.03.2017 и 28.03.2017 во 20 часот во МОБ.