Еве што мисли госпоѓа Трамп за пластичните операции и која е тајната на нејзината убавина
Тајните на убавината на Меланија Трамп
Новата прва дама на Америка Меланија Трамп е позната по тоа што ја користеше секоја пригода да ја нагласи важноста од здравата исхрана и користењето на органските производи наспрема брзата храна и готовите оброци. Според магазинот GQ Меланија веќе подолго време е посветена на мирниот семеен живот, но и покрај обврските воопшто го нема запоставено својот изглед, ниту здравјето, задржувајќи ги позитивните навики од времето кога била манекенка и кога се придржувала до одредени режими на исхрана.
Впрочем тоа можеме да го забележиме и од нејзиниот изглед за кој сите, па дури и оние кои гласаа за Хилари Клинтон се согласни дека е блиску до совршенство.
Таа редовно оди на долги прошетки со тегови на зглобовите на нозете. Покрај тоа секој ден јаде по седум парчиња овошје и ревносно се грижи за хидратација на кожата, како што своевремено самата ни откри во едно нејзино интервју.
Покрај ова оваа убавица родум од Словенија води грижа и да си легне порано, па многу пати и се случува да го остави нејзиниот сопруг сам и да си замине порано од некои забави кои се во склоп на нивните секојдневни обврски.
Меланија многу често отворено зборуваше и дека е против пластичната хирургија. „Никогаш немав никакви интервенции. Живеам здраво и се грижам за својата кожа и тело. Не сакам ботокс но и сите други слични работи. Тоа го оштетува лицето и нервите. Секоја брчка е моја и планирам да остарам грациозно токму како и мојата мајка“, вели Меланија.