Некогашниот ангел на Викторија Сикрет, Миранда Кер, ја откри својата тајна за убавина и нега.
Миранда денот го почнува со чаша топла вода помешана со сок од лимон. За добар почеток на денот најчесто избира зеленчук, шумско овошје или какао.
Кога станува збор за ручек најчесто јаде зелен зеленчук со риба или пилешко.
На нејзиното мени се наоѓаат разни видови на растителни чаеви и сок од нони растенија (тропско овошје од Хавајските острови).
Помеѓу оброците се чести со муфини од боровници, црно чоколади, свежо овошје и зрнести плодови.
Што се однесува до нејзината кожа таа користи исклучително природни препарати, како масло од рози и нар или маски од краставици.
Се обидува да вежба секој ден, па ако треба и само по 10 минути. Тоа најчесто се вежби за стомачни, јога, склекови или вежби за задник.