Познатата пејачка и актерка својот фантастичен изглед и витка фигура го постигнува со контролираната исхрана и редовното вежбање.
Трејси Андерсон, личниот тренер на многу познати дами, задолжена е и за фигурата на Џенифер Лопез. Во интервју за магазинот People таа откри дека Џенифер редовно вежба, а исто така ја практикува и чистата исхрана, т.е. се обидува да ја јаде секоја храна, но во природна состојба и ги избира најздравите намирници.
„Потребно е многу гориво за сето она што го прави таа. Нејзината целосна исхрана е органска, многу добро осмислена, баланс на протеини од високо квалитетни намирници и намирници богати со нутриенти. Храната е свежа, нема процесуирана храна во нејзиното мени, иако понекогаш и таа знае да направи отстапки.“
На нејзината маса многу често се наоѓаат енчилади полнети со киноа, бургери од грав или пак омилените лажни тестенини од тиквички. Сите сме луѓе. Не мислам дека треба да се изнервирате ако изедете чипс. Сите понекогаш посакуваме бисквити, парче торта или пржено пилешко. Но важно е постојано да се обидувате да јадете подобро – порача Трејси Андерсон, а во продолжение погледнете пример од нејзиното мени.
ПОЈАДОК
Слим смути, протеински пијалак
Шејкод:
¾ лажички јагода
¼ лажичка боровинки
¼ лажичка малини
1 дцл грчки јогурт
1 чајна лажичка мед
1 чајна лажичка цимет
Голема лажичка сок од лимон
РУЧЕК
Салата од:
2 големи раце тенко исечен кељ (треба да се отстрани тврдата средина од листовите)
2 лажички тостирани семки од тиква
10 даг младо кравјо сирење (или младо сирење по желба)
2 лажички сок од лимон
2 лажички маслиново масло
Половина главица ситно исецкан кромид
Сол по желба
МЕЃУ ОБРОК
Јаболка
ВЕЧЕРА
1 пилешки прсти на скара
ДЕСЕРТ
Бисквити со парче чоколадо
Извор. Zadovoljna.hr