Реклама
BEAUTYДиети

Тајната за здраво слабеење се состои во овие 5 чекори!

Реклама

Поради денешниот забрзан начин на живот и нездравата исхрана, повеќето не се задоволни со својата телесна тежина. Водени од желбата да ги изгубат неколкуте вишок килограми, луѓето често се одлучуваат за различни строги диети и од исхраната целосно го отфрлаат она што го сакаат. Но, овој чекор најчесто не дава добри резултати на долг рок. Во продолжение погледнете неколку корисни совети кои ќе ви помогнат конечно да ги остварите зацртаните цели и да ги отстраните вишокот килограми.

1. Умерената исхрана е тајната на успехот

Луѓето често мислат дека ако сакаат да ослабнат треба од своето мени целосно да ги отфрлат нездравите и калорични намирници. Но, наместо нагла промена, обидете се постепено да ги намалувате порциите или поретко да ја консумирате таа храна. Со текот на времето и со помалиот внес, потребата за нездрави намирници самата по себе ќе се намали.

2. Создавајте здрави навики

Кога можете, оброците консумирајте ги во друштво и избегнувајте да јадете пред телевизор или компјутер, затоа што тоа често доведува до прејадување. Јадете бавно и темелно проџвакувајте ја храната, па ќе имате можност да уживате повеќе во нејзиниот вкус, а мозокот навремено ќе препознае дека сте заситени.

Маркетинг

3. Внимателно распоредувајте ги оброците

Повеќето мали оброци дневно, наместо традиционалните три, ќе му помогнат на вашиот метаболизам да работи побрзо и таа енергија рамномерно да ја распореди во текот на целиот ден. Не заборавајте дека здравиот појадок е од витално значење!

Маркетинг

4. Пронајдете активност која ќе ја сакате

Постојат луѓе кои обожаваат вежбање, но и такви кои го избегнуваат. Ништо чудно, зашто тешко е да се задржи мотивацијата за активности кои не ги сакаме. Она што можете да направите е да се обидете да засакате некој спорт. Пронајдете активност во која ќе уживате, дури и ако нејзината примарна цел не е слабеењето. Тоа може да биде танцување, шетање во природа, возење велосипед или сосема нешто друго што вам ви се допаѓа.

5. Воведете мали промени кои ќе ви помогнат да се движите

Променете некои навики од секојдневието кои ќе ве поттикнуваат повеќе да се движите. На пример, наместо да се возите со лифт, може да одите по скалите, да не го користите автомобилот кога извршувате активности во близина на вашиот дом, да се симнете од автобусот една станица порано…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button