Диети

Откријте ја тајната за убавина на еден од најпознатите модели во светот!

Реклама
Реклама

Внесете ги овие мали промени во вашиот живот и само по еден месец ќе ги забележите првите значајни промени во функционирањето на вашиот организам.

Маркетинг

Според стручните лица, докажано е дека сокот од лимон измешан во топла вода може да направи чудо за вашиот организам. Познатата манекенка Миранда Кер откри дека токму со овој пијалак го започнува денот, бидејќи како што вели таа, лимонот и водата ја покренуваат работата на органите за варење и овозможуваат подобро да функционираат во текот на денот. Миранда на овој начин го одржува и својот имунитет, ја балансира Ph вредноста и го прочистува организмот.

Доколку ја усвоите оваа навика веќе по првиот месец ќе забележите значајни промени во функционирањето на организмот подоцна во текот на денот. Откако ќе увидите колку е делотворно, не треба да се изненадите доколку топлата вода со лимонот по некое време ви стане ритуал без кој нема да можете да го започнете денот.

Маркетинг

Станува збор за прилично едноставна работа – секое утро откако ќе станете треба на празен желудник да се напиете чаша топла води со сок од половина лимон. Сокот од лимон и топлата вода на чудесен начин ги прочистуваат црниот дроб и бубрезите. Доколку имате проблеми со желудникот, водата со лимон можете да ја заблажите со една лажичка мед. Многу е едноставно, а ќе имате многу големи придобивки. Еве зошто е добра водата со лимон:

Го зголемува имунитетот: Лимонот е богат со антиоксиданси и витамин Ц, кој што е одличен за зголемување на имунитетот и му помага на организмот да се одбрани од инфекции. Витаминот Ц многу чесдто се користи во борбата против астмата и други респираторни болести. Лимонот исто така содржи и сапонини, кои се борат против микробите и се одлични против грипот и кијавицата. Исто така, витаминот Ц ја помага и апсорпцијата на железото.

Ја намалува киселоста на организмот: И покрај тоа што лимонот има кисел вкус, тој всушност остава базна трага во нашиот организам и ја неутрализира киселоста. Брзата и нездравата храна како и шеќерите ја зголемуваат киселоста на организмот, додека лимонот е еден од најсилните алкализатори.

Помага во варењето на храната: Лимонот традиционално се користи како лек кај луѓето кои имаат проблем со варењето. Сокот од лимон ја прочистува и стимулира јетрата, но помага и во создавањето на хлороводородната киселина во желудникот, која што ја вари храната, и на тој начин помага да се забрза варењето.

Ја чисти кожата: Витаминот Ц и сите антиоксиданси во лимонот се борат против слободните радикали кои се одговорни за голем број проблеми поврзани со кожата. Изложувањето на сонцето и токсините од околината доведуваат до оштетување, а слободните радикали се одговорни за поголем број на симптоми на стареење на кожата. Со внесување на антиоксиданси можете да помогнете во борбата против брчките и акните, а витаминот Ц може да се користи и директно на кожата.

Го забрзува зараснувањето на раните: Аскорбинската киселина, попозната како витамин Ц, го забрзува зараснувањето на раните и е една од најважните состојки за одржување на здраво сврзно ткиво, коски и рскавица. Едноставно, овој витамин што се наоѓа во лимонот е неопходен за опоравување на организмот од повреда или стрес.

Хидрира: Една голема чаша вода со лимонов сок не само што ќе го исчисти вашиот организам од сите токсини кои се насобрале во текот на ноќта, туку ќе ви помогне и да го одржите оптимално хидриран. Секоја чаша со вода во текот на денот е вистински мелем за вашиот организам, особено ако е збогатена со драгоцениот сок од лимон.

Ја зголемува енергијата: Пробајте наутро да испиете чаша вода со лимон, и ќе видите колку повеќе енергија ќе имате во текот на денот. Понекогаш и самиот мирис на лимонот е доволен за да не рабуди. Покрај тоа, лимонот помага и во лекувањето на анксиозност и депресија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button