Реклама
Шминка

Откријте ја тајната на совршеното лице со новиот серум „Anew Essential Youth Maximising“ од Авон

Реклама

Рецензија на серумот „Anew Essential Youth Maximising“ од Авон на нашата позната бјути блогерка Александра Азманова од iamalekkpotter.blogspot.mk.

Тајната за убаво и сјајно лице е во секојдневната рутина која е поделена на дневна и вечерна грижа на кожата. Она што на сите ни е познато е дека лицето треба да се мие со посебни сретства и редовно да се нанесува хидратантен крем, но тоа не е доволно затоа што нашето лице има потреба од повеќе внимание и дефинитивно тоа го заслужува.

Маркетинг

Од секогаш мислев дека користењето на серум е посветено само за возрасна кожа, онаа која што е склона на брчки и забрзано стареење. Но, сум грешела, затоа што серумот се користи секогаш кога кожата има потреба од него, без разлика на годините. Постојат различни видови на серуми, но сите имаат една заедничка цел, а тоа е длабока регенерација, подобрување и разубавување на кожата. Со редовно користење на серумот се пролонгира појавата на брчките кои се неизбежна појава со текот на годините, а таа борба со времето можеме да ја започнеме веднаш!

Пред да почнам да го користам се запрашав, а што всушност претставува серумот? Серумот е козметички производ со висока концентрација на активни состојќи, нешто што е поинтензивно и пообилен од обичниот крем но, неговата текстура е полесна, свиленкаста и потечна. Со едно до две притискања на пумпата добивате доволна количина на производ кои ги има сите потребни состојќи за вашата кожа да започне со процесот на трансформација.

Маркетинг

Design by Stipka

Овој серум го користам повеќе од три недели и првите резултати на подобрување на кожата ги воочив веќе по првите неколку дена. Мојата кожа сега е неверојатно здрава, има посебен сјај и зрачи од енергија. Немам потреба да ја кријам позади пудри со голема покривност затоа што повеќе нема видливи недостатоци. Промената во мојата рутина и додавањето на овој серум во истата ја промени мојата кожа на подобро, ми даде поголема самодоверба и здрав изглед кој толку долго го посакував!

Она што прво го забележав е пакувањето на производот. Прекрасно шишенце од 30ml во розеникаво бакарна боја со златни елементи и одлична пумпа. Првиот впечаток од производот кога го нанесов на мојата рака е тоа што има совршена свиленкаста текстура и лесен пролетен мирис кој останува на кожата. Неговото нанесување претставува задоволство, момент кој не посакувате да заврши. Што би рекла јас, течна љубов за кожата. Еликсир на младоста.

Првата работа која треба да ја нагласам е тоа дека овој серум не ја замени функцијата на мојата стандардна крема за лице. Неговото нанесување е два пати во денот, еднаш наутро додека наредниот пат навечер и тоа секогаш на претходно исчистено лице. Од кога убаво ќе го нанесам и со нежни движења ќе го впијам во кожата, тогаш ја нанесувам дневната или ноќна крема.

Ако не сте користеле серум досега, од сесрце ви го препорачувам серумот од  Avon, Anew Essential Youth Maximising. Благодарна сум и на мојата блиска пријателка кога ме запозна со него, јас ја имам честа да ви го препорачам на вас, а вие се надевам ќе бидете исто толку задоволни и ќе ги споделите вашите впечатоци со мене или ќе се согласите ако сте го користеле. Пролетта е совршено време да ја разбудите вашата кожа, да и ја вратите нејзините енергија, младост, еластичност и сјај враќајќи и го нејзиниот заборавен цврст изглед.

Овој производ може да го најдете во брошурите на Авон и на нивната веб страна www.avoncosmetics.com.mk

Александра Азманова
Фото: А.А., Штипка

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button