Ретко кој би и дал на оваа девојка 44 години, колку што таа навистина има, а многумина би сакале да ја дознаат нејзината тајна.
На прекрасната Џеј Ло и денес ѝ завидуваат многу помлади девојки од неа, особено на нејзината совршена фигура и младешко лице, па затоа и не е чудо што многу девојки сакаат да дознаат како и успева да изгледа толку убаво.
Мајката на шестгодишните близнаци Макс и Емa е убедена дела секој може да има складно тело. „Секој го може тоа. Не морате дури ни да бидете фанатик за вежбање и диети. Најважно е да се исхранувате здраво, да не претерувате со ништо и редовно да вежбате. Тоа е пат кој не дава резултати преку ноќ. Но треба да одите чекор по чекор. И да не се откажувате“, вели Џенифер.
Прекрасната пејачка додава дека за нејзиниот изглед би направила сé, но повлекува црвена линија кога се во прашање пластичните операции. На прашањето дали некогаш направила пластична операција, Џенифер одговара: „Се згрозувам од такво нешто. Самата помисла ме плаши. Едноставно не би можела да го направам тоа“, пренесува „Фимејл Фрст“.
Секако, и таа како и сите други жени има денови кога се чувствува дебело и грдо. „Па секако, кој нема! Но, кога сте во лошо расположение и незадоволни од самите себеси, слободно облечете нешто удобно, но слатко“, порачува таа.