Ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свeнeпол, ги поминува нејзините денови презентирајќи долна облека на најубавите плажи во светот (освен кога вежба јога на некој прекрасен покрив во Њујорк!)
Но, сепак, нејзината работа не е постојано само забава и игра. Таа работи напорно за да изгледа секси. Еве што вели Кендис во врска со нејзиното вежбање за fitnesmagazine.com.
Кога се чувствуваш најсекси?
Кога ќе излезем свежа од под туш и кога ќе ставам парфем.
Што најмногу вежбаш
Во главно кога сум на отворено јас сакам да играм бадминтон на некоја плажа или да трчам. Но, кога сум во затворен простор, најмногу сакам да боксувам.
Што правиш за тренингот да ти биде поинетересен?
Секогаш додавам нови песни на мојата плејлиста и задолжително ќе облечам нешто во што ќе се чувствувам секси. Нешто во светли и весели бои…
Кој е твојот омилен дел од тоа што си модел во VS?
Ми се допаѓа тоа што на работа сите се однесуваме како да сме едно семејство и секако, убавите плажи се друга причина зошто работата за VS е толку забавна.