Реклама
Нега и здравје

Тајната за цврсти и убави гради

Реклама

Доколку сакате градите да ви изгледаат младо и да бидат цврсти, тогаш избегнувајте ги градниците, велат стручните лица.

Кели Брук, Ким Кардашијан, Миранда Кер и Гвинет Палтроу се само некои од славните жени за кои може да се забележи дека во последно време не носат градник. Многумина се зачудени бидејќи општо е познато дека градниците се корисни, односно освен што ги подигаат градите, тие ги одржуваат и поцврсти и помлади, а спречуваат и појава на болка во грбот. Но, дали е тоа навистина така?

Маркетинг

Најновите истражувања покажуваат дека не е баш сé така сјајно кога станува збор за градниците. Поточно, редовното носење на градник може да придонесе за потполно спротивни ефекти! Според француските научници, неносењето на градник ги зајакнува мускулите на градите, па така тие на некој начин самите ја одржуваат цврстината.

Маркетинг

„Многу жени дома не носат градник, а причина за тоа е што така се чувствуваат поудобно. Но, тоа е и поздраво, мускулите остануваат посилни, а се подобрува и квалитетот на кожата кај градите“ вели професорот Роуилон од Универзитетот Бесанкон кој што го водеше ова истражување.

Истражувачите се свесни дека жените тешко ќе се откажат од градниците, па затоа тие понудија неколку совети какви градници треба да избираат – тие мораат да се удобни, во нив ништо не смее да притиска, т.е. мораат да бидат со соодветна големина и да бидат направени од природни материјали.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button