Реклама
NEWSВести

Тајната на животот по смртта – дали нашиот мозок создава рај? Научниците се блиску до одговорот

Дали науката конечно го пронајде „тунелот“ кон задгробниот живот? Дали халуцинациите пред смртта се доказ за задгробен живот? Дали ДМТ – молекулата нè води во вечноста? Научниците се блиску до одговорот во новото истражување.

Реклама

Древните Грци верувале дека, кога луѓето умираат, нивните души се пренесуваат преку реката Стикс во задгробниот живот од страна на Харон, превозникот, односно водачот, на душите.

Овој мит можеби содржи зрно вистина, бидејќи научниците неодамна откриле дека психоделична неврохемикалија би можела да „превезе“ човечката душа во задгробниот живот.

Станува збор за ДМТ (N,N-диметилтриптамин) – природно соединение кое се наоѓа во растенија, животни, па веројатно дури и во човечкиот мозок.

Маркетинг

Кога се консумира рекреативно, ДМТ предизвикува силни визуелни и аудитивни халуцинации.

Истражувачите од Imperial College London откриле дека оваа супстанца може да биде одговорна за интензивните визии што луѓето ги доживуваат за време на искуства блиски до смртта (NDE – near-death experiences).

Маркетинг

Многу преживеани, раскажуваа вакви искуства за необјасниви визии, како средби со починати блиски лица, гледање на „рајот“ или слушање на „гласот на Бога“.

Научниот тим утврдил дека овие искуства имаат сличности со халуцинациите што ги доживуваат луѓето под дејство на ДМТ, што сугерира дека мозокот би можел да се преплави со оваа психоделична неврохемикалија во последните моменти пред смртта.

Дејвид Лук, доцент по психологија на University of Greenwich во Лондон, посочил дека постојат докази дека ДМТ се ослободува во поголеми количини во човечкиот мозок во моментот на смртта.

Лук изјавил дека единствениот доказ за ослободување на ДМТ во мозокот во моментот на смртта досега е забележан кај животни, но врз основа на тоа, експертите „можат да претпостават дека истото се случува и кај луѓето“.

На пример, студии врз стаорци покажале дека нивните мозоци можат да ја произведуваат оваа психоактивна неврохемикалија и дека непосредно пред смртта таа се ослободува во големи количини.

Ова е силен показател дека сличен процес би можел да се случува и кај луѓето, бидејќи когнитивните феномени кај стаорците често имаат паралели со човечкото искуство.

фото пекселс

Сепак, невронаучничката Ејми Рајхелт, експерт за невродегенеративни болести, посочила за Popular Mechanics дека животните можат да имаат сосема различни начини на производство на невротрансмитери. Затоа, потребни се дополнителни истражувања за да се утврди дали халуцинациите што луѓето ги доживуваат непосредно пред смртта навистина се поврзани со ДМТ.

Сличности меѓу NDE (искуства блиски до смртта) и ДМТ

Истражувачите од Imperial College London тестирале колку состојбата предизвикана од ДМТ наликува на NDE (искуства блиски со смртта), давајќи ДМТ на 13 учесници во истражувањето. Потоа, тие пополниле стандардизиран тест за мерење на искуства блиски со смртта.

Наодите, објавени во Frontiers in Psychology во 2018 година, покажале „извонредна сличност помеѓу овие состојби, што бара понатамошна истрага“.

Во 2023 година, Лук коавторирал студија која ги споредила искуствата на личност која доживеала и NDE и халуциногено патување предизвикано од 5-MeO-DMT – молекула слична на ДМТ, но со пократкотрајни и нешто помалку интензивни ефекти.

Клучни сличности и разлики

Истражувачите откриле висока споредливост меѓу искуствата блиски со смртта и психоделичните искуства, вклучувајќи:

Одење во „други светови“

Средби со натприродни суштества (добронамерни или злонамерни, па и заканувачки)

Искусување на синестезија (силни звуци и гледање на силни бои)

Регресија во перинатални сеќавања

Чувство на свесно сонување

Најсилни сличности помеѓу 5-MeO-DMT искуствата и NDE биле:

Ослободување од егото

Чувство на надминување на времето и просторот

Сепак, искуствата блиски со смртта вклучувале уште неколку уникатни теми кои не биле забележани кај ДМТ искуствата, како што се:

Средби со починати блиски

Преглед на сопствениот живот („животот поминува како на филмска лента пред очи“)

Појавување на „праг“ или тунел – бела светлина или премин што го означува моментот меѓу животот и смртта

фото-пекселс

Ова укажува дека овие елементи можеби се уникатни само за искуства блиски со смртта и дека не можат целосно да се објаснат со ДМТ.

Иако студијата предизвикува сомнеж дека ДМТ е единствениот одговор за искуствата блиски со смртта, Лук нагласува дека оваа хемикалија сè уште може да биде дел од сложената слика која треба да се истражува.

Во моментите пред смртта, мозокот доживува неврохемиски „каскаден ефект“, што вклучува нагли ослободувања на серотонин и норадреналин, кои регулираат расположение, емоции и стрес, пренесува Дејли меил.

ДМТ може да биде дел од овие промени. Истражувањата покажале дека оваа хемикалија природно постои во човечката крв, урина и спинална течност, што отвора можност дека се наоѓа и во мозокот.

Научниците продолжуваат да ја истражуваат оваа неврохемикалија за да откријат дали навистина има улога во преминот кон смртта.

Потсетуваме, претходно гламур.мк пишуваше дека според најново истражување мистеризниот излив на енергија што се случува во мозокот додека умираме може да биде душата што го напушта телото.

Д-р Стјуарт Хамероф, анестезиолог и професор на Универзитетот во Аризона, зборува за новата студија која потврдува дека се доловува мозочна активност на клинички мртвите пациенти.

Тој објасни дека истражувачите поставиле мали сензори на мозоците на седум хронично болни пациенти неколку минути пред да бидат исклучени од апарати за одржување, и можеле да ја снимат активноста откако крвниот притисок и срцето на секој пациент ќе паднат на нула.

фото пекселс

Д-р Хамероф во емисијата „Проџект јунити“детално објаснува дека научниците „виделе мистериозен излив на енергија“ во моментот кога пациентите умирале, односно дека „дошло до неочекуван бран на активност во мозокот“. Повеќе за ова истражување прочитајте – ТУКА. 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button