Тајната на совршениот тревник се крие во еден зачин од кујната – тревата ќе ви светне во прекрасна зелена нијанса
Овој ароматичен зачин има силни антигабични својства, а токму габите се една од најчестите причини за пожолтување, за ретка трева и за дамки на тревната површина.

Совршено зелен и здрав тревник не е прашање на среќа, туку резултат на квалитетна нега. Редовно полевање, правилно косење и употреба на добро семе се основата за убава трева. Но, вистинските љубители на градинарството знаат дека најголемата опасност за тревникот демне под површината, во габите и штетниците. За среќа, решението е едноставно и се наоѓа во секоја кујна.
Искусни градинари откриваат дека циметот е тајниот сојузник на тревникот.
Advertisement
Овој ароматичен зачин има силни антигабични својства, а токму габите се една од најчестите причини за пожолтување на тревата, за ретка трева и за дамки на тревната површина. Дури и ако тревата редовно ја полевате, ако се развијат габи, нема да изгледа рамномерно и здраво.

За природен раствор против габични заболувања, доволно е да помешате една лажица мелен цимет со половина литар вода.
Со овој раствор прскајте ја тревата во раните утрински или доцните попладневни часови. Циметот го впива вишокот влага што ја поттикнува габата да се шири, и истовремено ја зајакнува самата трева.

Заштита од штетници – и естетика и практичност
Покрај тоа што го негува тревникот, циметот ги одбива и непосакуваните посетители како зајаци, ежиња и верверички, кои не го поднесуваат неговиот мирис. Наместо скапи хемиски препарати, доволно е да забодете неколку стапчиња цимет во земјата на повеќе места низ тревникот.
Резултатот? Видливо поздрав и порамномерен тревник, природно заштитен од болести и од животни, без штетни хемикалии. А, тревата – во прекрасна зелена нијанса.