Еве кои се омилените вежби на Јелена Розга
Една од најпознатите и најзгодните хрватски пејачки ни откри кој е виновникот за нејзината совршена линија. Станува збор за младиот тренер Анти Буразин со кого Јелена почна да вежба активно и поради кој вежбите и станаа дел од нејзиниот живот. Благодарение на неговиот пристап, знаење и позитивна енергија, односно на начинот на кој што ви го приближува вежбањето, покрај него сите го засакуваат спортот и во поголем број случаи остануваат зависни од таквото чувство. Така и Јелена на тренинзите доаѓа (и си заминува) насмеана бидејќи знае дека направила нешто за себе и за своето здравје. Анти во тренинзите на Јелена комбинира најразлични вежби за тренингот да не биде монотон, кој најчесто завршуваат со вежби за стомачни и истегнување на телото.
Еве кои се трите омилени вежби на Јелена:
Бугарски чучњеви (битни за зацврстување на долниот дел од телото)
Чучњеви со топка (за нозе, долен дел на грбот и стомачни )
Широки чучњеви со тег (за внатрешната страна на бутовите и задникот)