Пипа Милдтон откри дека редовно вежба, и тоа ги прави познатите чучњеви (plié) кои се најзаслужни за изгледот на нејзиниот задник.
Откако заблеска на кралската венчавка на својата сестра Кејт, Пипа Мидлтон не престанува да ја интересира јавноста. Од првиот момент кога се појави во белиот фустан светот е маѓепсан од нејзиниот задник.
Таа дури сега реши да ја сподели со јавноста тајната на својот цврст задник. Сосема очекувано, за нејзиниот задник заслужни се вежбите за тело, односно вежбањето од 30 минути кое ги вклучува и познатите чучњеви plié.
Триесетгодишната Пипа еднаш во месецот пишува колумни за Waitrose Weekend Magazine во кои што ги открива тајните на нејзината исхрана и вежбање. Таа во својата колумна напиша дека ги користи четирите клучни вежби – таканаречените „скали“, чучњеви, вежби покрај ѕид и класични склекови.
Тоа се моите омилени вежби, а корисни се за целото тело. Најдоброто е тоа што можете да ги правите и дома. Треба да вежбате најмалку три пати во неделата и за многу брзо време ќе забележите промени, се обидува да не убеди Пипа.
Од овие вежби, клучни за задникот се чучњевите. На почетокот воопшто не е лесно да се прават, но со текот на времето стануваат полесни. Добра вест е тоа што со овие вежби многу брзо се доаѓа до резултат, а во тоа можете да се уверите доколку почнете да ги практикувате редовно.
{youtube}yNKVK2axeNI{/youtube}