Реклама
Фитнес

Ева Лонгорија – Тајната на нејзиното бикини тело кое сега е поубаво од пред 10 години

Реклама

Еве Лонгорија неодамна го прослави 40-от роденден, а на последните фотографии на кои е во костими за капење, изгледа поубаво од кога било.

Главен виновник за нејзиното беспрекорно тело е здравата исхрана која се темели на многу риба и зеленчук кој што обожава да го јаде.

Маркетинг

„Нема тука некоја голема филозофија. Не јадам многу шеќер, избегнувам јаглехидрати и редовно вежбам со приватен тренер“ изјави славната актерка во едно интервју. „Кога не јадам шеќер имам повеќе енергија и поубаво спијам. Всушност, тоа за мене е најдобриот рецепт за слабеење“.

Еднаш во неделата Ева ќе се почести со некое „грешно“ јадење, а како голем фан на солената храна тоа обично е некое забрането јадење како пица или солени грисини. „Моја голема слабост е чипс од компир. Не можам да ги испуштам од рацете“, призна актерката во нејзиното интервју.

Маркетинг

Еве како изгледа нејзиното мени:

За појадок омлет од белковини и свежо овошје.

За ручек пилешко или мисиркино месо послужено со зеленчук приготвен на пареа, како што се брокула, блитва, спанаќ или некои други намирници богати со висок процент на прехранбени влакна.

Како меѓу оброк знае да појадува пресечени кругови од краставици зачинети со лимон, јогурт или јаболко со путер од кикирики.

За вечера јаде свеж лосос со шпаргла.

Ева е мошне активна личност, која најдобро се чувствува кога е во движење.

Во детството ги тренирала скоро сите можни спортови, од кошарка преку фудбал и гимнастика. Ужива и во забавни и разнообразни активности, како што се трчањето, планинарењето, вежбање јога и танцување.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button