Наши ѕвезди

Тајчи меѓу ѕвездите – пријателка на естрадата, миленичка на публиката

Позитивна жена која зад сцената ги спојува луѓето, музиката и добрата енергија.

Advertisement

По професија е професионалец во областа на хигиената, но во јавноста, Тања Тајчи Додева е препознаена како голем љубител и искрен поддржувач на македонската музика. Нејзината љубов кон народната и забавната естрада не е „од вчера“, туку од мали нозе, а денес важи за човек кој ги поврзува уметниците и публиката преку почит, пријателство и позитивна енергија.

Публиката имаше можност да ја види и како дел од популарното шоу „Сѐ или нешто“, во студиото со Лила, каде беше поддршка на блиска пријателка, а зад камерите, како и во животот, зрачи со топлина и ведрина.

Advertisement

Во разговорот што следува, Тајчи искрено раскажува за своето искуство од телевизијата, за тоа што значи да се биде промотер на македонската естрада, за луѓето од сцената кои ѝ значат, но и за тоа каква е Тајчи кога ќе се изгаснат рефлекторите.

фото-приватна архива

Беше дел од популарното шоу „Сѐ или нешто“,какво искуство беше тоа за тебе и кого поддржуваше?

Да, токму така, бев дел како подршка во „Се или нешто“ на мојата пријателка Лилјана Љумаковска, инаку мајка на нашиот бисер балкански Анета Љумаковска. Искуството беше незаборавно.

фото-приватна архива
фото-приватна архива

Кое е најинтересното, најсмешното или најнеочекуваното нешто што ти се случи зад сцената на „Сѐ или нешто“, а публиката никогаш не го виде?

Па не можам да издвојам се беше перфектно…
Дружбата меѓу паузите, а ме препознаа многу затоа што ме следеле на социјалните мрежи.

Што значи да се биде промотерка на македонската народна естрада? Како дојде до ова и какви пријателства ти донесе?

За мене да бидам промотор на македонската не само народна туку и забавна музика ми значи многу.
Македонската музиката е дел од мене уште од мали нозе. Секој естраден уметник од Македонија е мој пријател кој ме почитува секогаш.

фото-приватна архива

Која македонска естрадна ѕвезда ти оставила најголем впечаток кога сте се запознале приватно, далеку од сцената и рефлекторите?

Па, не можам да издвојам бидејќи со сите се дружам и приватно, но Злате Антевски и доајенот Круме Спасовски, со нив сум секогаш на секој нивен настап.

фото-приватна архива

Ајде малку естрадна „кујна“- постои ли некоја симпатична тајна што можеш да ни ја откриеш без последици?

Хм….на ова прашање не би имала конкретен одговор, не би сакала никој да повредам од естрадата.

фото-приватна архива

Ако треба со три збора да ја опишеш македонската народна естрада денес, кои би биле тие и зошто?

Ако треба да ги опишам со три збора тоа би биле најдобри, незаменливи и балкански.
Затоа што ги имаме најубавите песни на светот.

фото-приватна архива
фото-приватна архива

Која е Тања приватно, што ја прави среќна, што ја опушта и што малкумина го знаат за неа?

Тајчи приватно е позитивна личност, среќна секогаш, ме препознаваат луѓето насекаде, ме опушта македонската песна и на вашите читатели им посакувам убави моменти секогаш.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button