Тага во домот на македонската ледена кралица – се огласи расплакана на Инстаграм, тажна вест соопшти
Секогаш беше тука за да ја расположи нејзината баба

Познатата инфлуенсерка соопшти тажна вест преку социјалните мрежи
Бети Котовчевска или во јавноста попозната како Бетика, на својот профил на социјалните мрежи сподели тажна вест.
Имено, македонската „ледена кралица“, позната и по тоа што редовно се бања во мраз студена вода, овој пат ги растажи сите со својата објава, а која се однесува на нејзиниот домашен миленик.
Инстаграм/ Бетика
Таа се огласи преку Инстаграм и откри дека нејзиниот долгогодишен миленик бил свирепо растргнат од волчјак.
Станува збор за нејзиното кученце Сречко со кое таа беше многу поврзана, па сега таа со солзи и скршена од болка се огласи:
Инстаграм/ Бетика
„Сречко не дочека да наполни ни година дена. Голем поздрав до типот од Болно што чува волчјак ПУШТЕН, и што ми го растргна Сречко до смрт. Јас навистина не знам кај ќе ти оди душата, ако воопшто ја имаш. Сречко го вдомивме од улица, беше исфрлен со неговите пет браќа и сестри на кои што им најдовме дом, а него си го зедовме ние.“
Инстаграм/ Бетика
„Тој беше единствената најголема среќичка на мојата баба која што е сама“, напиша Бетика на Инстаграм.
Таа потоа сподели и една фотографија на која се гледа како плаче, повторно со тажна порака за кученцето што почина.
Инстаграм/ Бетика
Потсетуваме, Бетика е од Ресен и многумина ја нарекуваат македонската „ледена кралица“, а овој необичен епитет го доби поради нејзината практика да се капе во студени води.
Инстаграм/ Бетика
Имено, Бетика таа тоа го први веќе неколку години, а започнала некое време по тешката сообраќајка несреќа што и се случила.
Инстаграм/ Бетика
Бетика тогаш по 10 години професионално занимавање со ракомет останува врзана за кревет, и како што самата изјави во една пригода, по несреќата со денови плачела и западнала во тешка депресија.
Но редовно практикувајќи го токму овој медот кој стана популарен во светот благодарение на Вим Хоф, екстремен холандски атлетичар, Бетика по две години поминати во кревет успева да закрепне и сама да се излечи.
Повеќе за Бетика прочитајте тука.