Таа последна го виде Зоки жив – скршена од голема тага, плачеше и зборуваше за својот драг пријател
Погребот ќе биде во недела, на гробиштата во Катланово...
Познатиот македонски естраден новинар Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци, почина денес, по долго и тешко боледување.
Како што објави неговиот пријател и колега, Стефан Лазаров, погребот ќе биде во недела, во црквата Св. Никола во Катланово, по што во 13 часот Зоран ќе биде погребан на гробиштата во Катланово.
На овие гробишта се погребани и неговите родители со кои Зоки беше мошне поврзан и каде често одеше да ги посети.
Веста дека починал прв на социјалните мрежи ја сподели токму Лазаров кој откри дека Зоки починал утрово, во 6.40 часот.
Инстаграм/ Стефан Лазаров
Тој објави заедничка фотографија и изрази сочувство до семејството, а на мрежите од Зоки цел ден се збогуваат и неговите пријатели.
Инстаграм/ Хелена Роза
Една од нив е и Мелита Ракичевиќ, која сними и видео во кое истакна дека била последната што го видела жив.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Таа за својот поранешен колега и драг пријател имаше само пофални зборови, но скршена од болка, не можеше да ги сокрие емоциите.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Збогум, ќе те сакам додека сум жива, пишува Мелита на видот што го сподели на својот профил на Инстаграм.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
„Плачев цела ноќ, и не сакав утрово да ги слушнам вестите што ме разбудија. Не ме разбудија, јас ни не спиев. Цело време чувствував нешто силно и вчера попладнето решив да појдам до Зоки да го идам“, вели во своето обраќање Мелита“, одвај воздржувајќи се да не заплаче пред камерата.
„Едноставно… не знам. Почувствував желба да го гушкам. Да надоместам за некое време што требаше повеќе да го поминеме заедно“.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
„Јас сум на болка многу-многу нежна. Не можам да издржам, не можам да прифатам дека Зоки го нема“, вели таа.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
„Мојата тага не можам да ви ја опишам. Без Зоки не можам ни да замислам воопшто да постојам, да постои овој шоубизнис…“
Инстаграм/ Зоки Фаци
И како што вели понатаму во обраќањето, единственото нешто што Зоки го споменал, бидејќи била последната што го видела и го гушкала, кога го прашала дали му треба нешто, дали нешто сака, тој и кажал дека сака да го носи во Дубаи, откри со солзи Мелита на Инстаграм.
Таа потоа изрази сочувство до семејството, а преку Инстаграм од Зоки се збогуваше и Хелена Роза.
Инстаграм/ Хелена Роза
Хелена беше мошне блиска со Зоки, а заедничките фотографии што ги сподели никого не оставија рамнодушен.
Инстаграм/ Хелена Роза
Потсетуваме, Зоран Василевски почина по долго и тешко боледување од рак. Тој пред неколку недели се врати од Турција каде замина да се оперира, но по направените прегледи беше откриено дека ракот се проширил, па тој реши да се врати во Македонија и во нашите болници да го продолжи лекувањето.
И покрај тоа што беше тешко болен, тој отворено зборуваше за својата состојба во медиумите и речиси до последен момент заедно со Лазаров го водеа нивното шоу.