Кафе муабетНаши ѕвезди
COVER STORY

Таа не е само убаво лице од екранот – разговор со Нела од „Везилка“, ненаметлива девојка со силно присуство

Нејзината суптилна енергија, комбинирана со јасен сензибилитет за вистинските вредности, ја прават посебна не само на екран, туку и во приватниот живот.

Advertisement

Во ерата на брзопотезни сензации и површни инфлуенсерки, ретко се среќава личност која истовремено зрачи со грацилност, интелект и смирена самодоверба.

Нела Соколовска, 22-годишна скопјанка, е токму таков исклучок – тивок бран кој остава длабоки траги, а допрва ќе остави. Како водителка на мегапопуларната емисија „Везилка“, Нела не само што е лице на еден медиумски проект што ги слави македонските вредности и традиции, туку е и пример за тоа како се гради јавен имиџ со суштина, а не со сензационализам.

Advertisement
фото-приватна архива

Со диплома по односи со јавноста, Нела совршено се движи низ просторот меѓу зборот и сликата, меѓу јавната сцена и личната етика. Таа не е само убавица што привлекува погледи – таа знае со збор да ги задржи тие погледи, тоа заслужено внимание.

Во ова искрено интервју, Нела зборува за љубопитноста што ја довела до новинарството, за погледот кон убавината, за предрасудите и за едноставната филозофија на среќа што ја води низ животот.

Зошто се одлучи за водителство и новинарство, што те привлече во оваа професија, а не на пример, во моделството?

– Љубопитноста и личниот афинитет кон истражувањето ме доведоа во допир со водителството и репортерството, кои не само што ми се блиски заради познавањето на повеќе области стекнато во време на студентските денови, туку се и области кои интелектуално ме предизвикуваат и ме хранат.

Advertisement

Што се однесува до моделството, тоа ги избира луѓето, а не тие него. Во мојот случај, мислам дека моделството не ме одбра, ха-ха.

фото-приватна архива

Која е предноста, а кои мааните на тоа да си препознатлив уште штом излезеш на улица?

– Секој човек ја доживува мојата појава на свој, автентичен начин придружен од низа субјективни чувства и во тоа нема дилема. Освен што, јас одлучувам дека таа субјективност не може да има никакво влијание врз мене да помислам дека тука се кријат некакви предности или маани.

Колку убавината ти стои или ти помага на патот до успехот?

– Убавината е минлива, а професијата што ја избрав е безвременска. Затоа „убавината” ниту ми помага, ниту ми стои на патот кон успехот.

фото-приватна архива

Со какви предрасуди си се сретнала токму затоа што си убава, талентирана и успешна девојка?

– Слободно можам да кажам дека за себе сум слушала најразлични предрасуди, за кои милувам да кажам дека се одраз на сивилото на душата и неспособноста да се гледа низ призмата на објективноста на оној кој ги гради.

За да ја задржиш топ формата, практикуваш ли одреден режим на исхрана, вежби и третмани?

– Кога сме кај исхраната, без исклучок, секој мој оброк содржи зеленчук. И секако, ниту еден викенд не ми поминува без хајкинг и карма јога.

фото-приватна архива

Која е Нела, какви интереси има, што ја радува, а што растажува коаг светлата на студиото ќе се згаснат?

– Би се опишала себе си како едноставна девојка, која ужива да поминува време во свое друштво, зад затворени врати, и се води според една мисла на Сократ – „Знам дека ништо не знам”, па затоа најчесто завршува со нова книга во рака.

Избирам да бидам среќна и кога нема особена причина за тоа. Патем, тоа што сите во семејството ми се живи и здрави е повеќе од причина за среќа.

Сведочењето како луѓето им го прават на другите она што не би сакале некој на нив да им го прави, е извор на мојата тага. Еминентниот Карл Густав Јунг честопати знаел да каже, дека луѓето се еднакво способни за ужасни и за прекрасни работи. Да, човештвото е способно за војна. Но, да, човештвото е способно и за љубов. Тука лежи мојата надеж.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button