CelebrityНовостиОпа!

Таа избега, тој напиша хит – судбинската љубов доаѓа во Штип на „Пастрамалијада“

Advertisement

Овој викенд Штип ќе пулсира во ритамот на најголемите балкански хитови. Во рамки на манифестацијата „Пастрамалијада 2025“, на градскиот стадион ќе настапи музичката легенда Дино Мерлин. Настапот е закажан за сабота, 20 септември, а Штип ќе биде една од ретките локации во Македонија што има чест да го пречека Мерлин оваа година.

Но, покрај неговите песни што ги знае целиот регион, зад секој стих стои вистинска животна приказна. Една од најемотивните е токму љубовната приказна со неговата сопруга Амела, која инспирирала неколку од неговите најголеми хитови.

Advertisement

Амела потекнува од богато и угледно семејство, чиј став кон врската со младиот Дино бил решително негативен. Таа тогаш била гимназијалка, а тој музичар на почетокот од својата кариера. Родителите на Амела имале други планови за неа и не одобрувале врска со човек кој сè уште не изградил „сигурна“ иднина. Но љубовта не прашува. Таа и Дино избегале заедно кога имале само 20 години и се венчале тајно.

„Се боревме, бевме ранети, но никој не можеше да не раздели. По пет години се оженивме во тајност. Тоа беше романтична свадба, иако буквално ја киднапирав мојата сопруга. Само мојот кум и сестрата на Амела, која беше кума, беа со нас,“ изјави Мерлин во едно интервју за босанските медиуми.

Оваа длабоко лична и драматична животна епизода го инспирирала да ја напише песната „Кога ме сакаше“, а неговиот тежок однос со татко му, кој го напуштил семејството кога бил дете, го навел да ја создаде емотивната „Кога ќе ти се случи несреќа“.

Advertisement

Сега, со години зад себе и безброј концерти, оваа сабота во Штип, Мерлин повторно ќе им ги подари овие песни на своите обожаватели, токму таму каде што музиката, љубовта и традицијата се среќаваат. „Пастрамалијада 2025“ станува место каде што животните приказни оживуваат преку музиката.

Доколку сè уште немате планови за претстојниот викенд, не пропуштајте ја можноста да бидете дел од магијата. Дино Мерлин настапува во Штип во сабота, на 20 септември, на градскиот стадион. Очекувајте вечер исполнета со емоции, хитови и енергија каква што само тој знае да ги донесе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button