Реклама
FashionСтил

Таа и оваа година беше водителка на Ромскиот бал – блесна во раскошна креација

Реклама

Нашата најголема ѕвезда, водителката Лила Филиповска, традиционално е домаќинка на Ромскиот бал. Така беше и вчеравечер, таа го отвори и 45. издание на Светскиот Ромски бал.  Звучни имиња од естрадата и голем број гости беа присутни на овој голем и спектакуларен настан кој се случува во Александар Палас.

фото: Принтскрин Лила Филиповска

Во друштво на нејзини пријатели, колеги и соработници се чини како да поминале незаборавна ноќ.

Теа Теировиќ беше главната балканса ѕвезда која што ги собра и расположи вчеравечер сите на ова место, а големо пријатно изнендување беше и појавувањето на Мухарем Сербезовски кој разлеа емоции во салата.

Маркетинг
фото: Принтскрин Лила Филиповска

Лила на Инстаграм сподели видео од нејзиното пристигнување и покажа како се дотерала за оваа свечена пригода.

Преубава креација во кафена боја со гламурозни светки. Фустанот ја отсликува убавата силуета на водителката и го истакнува нејзиното бујно деколте. Прозирниот долг фустан го надополнила со убава свилена марама во петролеј боја.

Маркетинг
фото: Принтскрин Лила Филиповска

Нема потреба да се прашувате од каде се овие модни парчиња, секако дека се со потпис на брендот Елена Лука.

Залижана коса со виткани локни и уредна шминка, Лила во ова издание изгледа како божица.

фото: Принтскрин Лила Филиповска

На објавата таа се заблагодари до орагнизаторите за укажаната чест.

Светски Ромски Бал по 45 ти пат ❤️

Ромскиот светски бал е доказ дека културата и традицијата можат да ги обединуваат луѓето и да создадат незаборавни моменти. Оваа година, балтот продолжува да биде инспирација за многу генерации и да ја негува ромската култура.

Благодарам на добербата на организаторот и овој пат да бидам Ваш домаќин ❤️

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button