Портрети

Таа е најмладата прва дама на Њујорк, а веќе ги стопи срцата – новата „принцеза Дајана“ со силна уметничка душа и неверојатна смиреност

Пријателите ја нарекуваат „современата принцеза Дајана“, а нејзината смиреност и интегритет ја направија омилена фигура меѓу младите.

Advertisement

На само 28 години, Рама Дуваџи стана најмладата прва дама во историјата на Њујорк, откако нејзиниот сопруг, Зохраб Мамдани, победи на градоначалничките избори. Со својата харизма, скромност и силен уметнички глас, таа за кратко време стана новиот симбол на прогресивна и свесна генерација во Америка.

Во победничкиот говор Мамдани ѝ се заблагодари со зборовите:

Advertisement

„И на мојата неверојатна сопруга, Рама – мојот живот. Нема никој со кого би сакал да бидам повеќе, во овој и во секој момент.“

Од Хјустон до Њујорк – патот на уметницата со сириски корени

Рама Дуваџи е уметница со сириско потекло, родена во Хјустон, Тексас. Кога имала девет години, нејзиното семејство се преселило во Дубаи, каде што започнува нејзиниот интерес за културата и визуелната уметност. Подоцна студирала на Вирџинија комонвелт јуниверзити (Virginia Commonwealth University), а магистерските студии по илустрација ги завршила на престижното School of Visual Arts во Њујорк.

инстаграм

Нејзините дела, претежно во црно-бела техника, прикажуваат сцени од арапскиот свет и носат силна социјална и политичка порака. Преку нив, Дуваџи зборува за неправедливостите, империјализмот и страдањата на Палестина и Сирија, со што стана глас на младата ангажирана уметничка генерација.

Уметност со став

Уметничките дела на Дуваџи биле претставени во BBC News, The New York Times, The Washington Post, Vice, како и во Tate Modern во Лондон. Таа верува дека уметноста има моќ да менува и дека, како што вели, „должност на уметникот е да го одразува времето во кое живее“.

Во интервју за Би би си, таа изјави:

инстаграм

„Не мислам дека сите мора да создаваат политичка уметност, но самото создавање уметност е политички чин, во начинот на кој се создава, финансира и споделува.“

Љубовна приказна родена во дигиталниот свет

Рама и Зохраб се запознале преку апликацијата за запознавање Hinge.

„Сè уште има надеж за апликациите за запознавање,“ се пошегувал Мамдани во едно интервју. Двајцата се венчале пред околу една година, а нивниот однос е пример на партнерство во кое љубовта и поддршката одат рака под рака со општествената свест и ангажман.

Симбол на новата генерација

Иако ретко се појавува во јавност, Си ен ен и Њујорк тајмс ја опишуваат како „водечка сила зад сцената“ на кампањата на нејзиниот сопруг. Таа ја креирала визуелната идентитетска стратегија на неговата кампања, од боите до типографијата, која стана препознатлива во Њујорк.

Пријателите ја нарекуваат „современата принцеза Дајана“, а нејзината смиреност и интегритет ја направија омилена фигура меѓу младите.

Глас против неправдата

Во интервју за YUNG, дадено за време на нејзиниот престој во Дубаи за време на пандемијата, Рама изјави:

„Нема да лажам, во моментот работите во Њујорк се темни. Но јас ќе продолжам да го користам својот глас за да зборувам за она што се случува во САД, Палестина и Сирија. Тоа е најмалку што можам да направам.“

инстаграм

Рама Дуваџи не само што влегува во историјата како најмлада прва дама на Њујорк, туку и како уметница која со нежност се бори против неправдата, симбол на новата генерација која верува дека љубовта, уметноста и хуманоста можат да бидат облик на отпор.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button