Таа е еден од нашите најмоќни вокали, но овој детаљ малкумина го знаат – еве колку е висока Тамара
Пејачката во една пригода откри и колку тетоважи има на телото, но и како се одржува во форма

Тамара Тодевска важи за една од најдобрите пејачки и тоа не само во Македонија, туку и на целиот Балкан.
Таа со својот моќен глас никого не остава рамнодушен, а во последно време тоа често го прави и со своите објави.
Имено, Тамара на фотографиите што ги споделува на својот Инстаграм изгледа како излезена од некое списание, а привлекува внимание и со своите беспрекорно фенси модни приказни.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Во текот на летото можевме да ја видиме и во опуштени изданија, а во фокусот беше и нејзиното момче, посебно на фотографиите и објавите кога младиот архитект уживаше во лудориите со нејзините деца.
На едно од овие изданија Тамара изгледаше поприлично повисока и од момчето, па многумина се запрашаа колку е висока.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Имено, нејзината сестра Тијана Дапчевиќ важи за една од највисоките пејачки на целиот Балкан, но овој детаљ за Тамара не е баш познат во јавноста, па пејачката во една пригода сама го откри.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Станува збор за една нејзина фотографија која што ја објави во една пригода на Инстаграм, а на која самата откри дека е висока 168 сантиметри, но и дека во хороскопскиот знак е Близнаци и дека има 17 тетоважи на нејзиното тело.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Инаку, Тамара во една пригода откри и како успеала да се преполови и колку ослабнала (види тука), а сега се пофали и како ја одржува формата, овој пат не во теретана, туку во природа и на отворено.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Имено, Тамара се сними додека се качуваше на Водно, со што откри дека е во топ форма и дека нема проблем со кондицијата.
Како изгледаше и во ова фит издание, погледнете во продолжение…