Реклама
Блогерија

Таа е street style ѕвезда на годината, а ова се нејзините топ 5 есенски комбинации

Реклама

Русокосата модна блогерка од Данска Перниле Тисбек има прекрасен стил поради кој беше прогласена за ѕвезда на уличниот стил за оваа година, а никој од неа не знае подобро да ги комбинира ефективните скапи парчиња.

Изгледајте шик со едноставни парчиња

Маркетинг

Пернил стои зад модниот блог „Look de Pernille“, а нејзините модни комбинации привлекуваат внимание и покрај тоа што таа никогаш не изгледа и не сака да изгледа претенциозно.

Русокосата убавица може и во фустан од H&M кој можеме да си го дозволиме сите да изгледа како милион долари, а нејзината умешност да ги комбинира парчињата од продавниците за улична мода (во прв ред од нејзиниот омилен H&M) и скапите дизајнерски парчиња од најскапите мoдни брендови во моментот ја прави една од најпознатите ИТ девојки во светот или тоа барем така го мислат девојките од модниот портал Who What Wear кои ја прогласија за street style ѕвезда на годината.

Маркетинг

Еве како таа носи капут, ѕвонарки + блуза со риги

„Важно е да создадете рамнотежа помеѓу неколку иконски парчиња со базичните работи. Многу ме интересира да создадам look кој не само што е инспиративен туку и прифатлив во поглед на цената. Тоа е мојата формула за успешен стајлинг“ вели оваа street style ѕведа, стилистка и блогерка која не сокрива дека една од најважните работи и е да се чувствува самоуверено и удобно во облеката која што ја носи. Таа го истакнува и тоа дека облеката треба да стане дел од вас, а не обратно!

Повторно кул трик со „ременот“ …

„Во последно време постојано носам веста со детаљ во облик на патент во предниот дел која совршено се вклопува во слоевитиот изглед кој најчесто го носам. Но, генерално кај шведскиот хај стрит бренд H&M најповеќе го сакам тоа што нивниот квалитет не ја диктира цената, туку секогаш добивате многу повеќе за малку пари“, вели Пернил.

Шик комбинација за преку ден

Модната инспорација ја пронаоѓа во модните магазини и на Tumblr, а во разговор за Who What Wear откри и еден трик кој мое да ни послужи кога брзаме.

Патики + слоевита комбинација

„Кога се брзам и кога немам време да ги мазнам работите од куферот, а на мојата свилена кошула и е потребна помош, во тоалетот ќе пуштам топла вода и чекам да се наполни со пареа. Потоа ќе ја ставам кошулата на закачалка во тоалетот и за неколку секунди сите набори ќе исчезнат“, вели оваа позната модна блогерка од Данска.

Па, дали ви се допаѓа нејзиниот стил?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button