Вести

Taтко од Кочани си го убил 10-годишниот син во Шведска

Advertisement

Деновиве медиумите во Шведска известуваат за трагедијата која се случила на осми јануари во апартман во областа Розенлунд.

Како што пренесуваат, татко се обидел да го убие 10-годишниот син во семејниот апартман, а потоа повикал полиција.

Advertisement

Мажот бил сам во домот со своето дете и го чувал, кога го извршил делото. Потоа, според пишувањата на бројните шведски медиуми, во полиција тој кажал дека подолг период му доаѓале мисли да го убие синот, пренесе Фокус.

Веста за настанот е објавена и во полицискиот билтен на Шведска.

– Полицијата е повикана во областа Розенлунд во 10.55 часот со информација за многу тешко повредено лице во стан. Кога полициските патроли пристигнале во станот, затекнале малолетно момче со повреди опасни по живот и возрасен маж.

Момчето со хеликоптер на брза помош било пренесено во болница додека му биле извршувани мерки за одржување во живот, но сепак неговиот живот не можеше да се спаси.

Мажот кој беше во станот е уапсен и осомничен за делото и се изврши увид. Во тек се и други мерки како дел од кривичната истрага. По одлука на обвинителот, мажот е во притвор – наведено е во полицискиот билтен.

Деновиве на социјалните мрежи кај нас се актуелни реакции на лица кои го познавале семејството, и кои тврдат дека станува збор за луѓе од Кочани кои живееле и работеле во Шведска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button