Tроши 3000 евра неделно за облека, но фановите pacпалија по неа на социјалните мрежи кога кажа дека не носи иста облека два пати
Познато е дека жените уживаат во шопинг и сакаат да инвестираат во себе, особено кога се работи за гардероба, но некои дами купуваат поскапи парчиња облека што ги носат повеќе од еднаш, додека има и такви кои сакаат да ги носат најновите трендови и не вложуваат големи суми пари во својата гардероба, но ја купуваат почесто.
Сепак, вистинска реткост е да наидете на личност која откако еднаш ќе го облече парчето облека, потоа тоа е тргнато од употреба, односно не го носи повеќе.
Една од нив е познатата инфлуенсерка од Австралија, Микаела Теста (21), која троши повеќе од 3.000 евра неделно за облека.
„Интересно за мене е тоа што не сакам да носам исто парче облека двапати, па издвојувам повеќе од 3.000 евра за облека неделно“, вели таа во едно од видеата кои ги сподели на „Тикток“.
Видеото наиде на бурни реакции од нејзините обожаватели, но и корисници на истата социјална мрежа, кои и сугерираа дека може да донира облека, но и дека не треба да се однесува како вистинска расипничка.
„Знам дека си богата, но треба да донесуваш поодговорни одлуки“, беше само еден од коментарите.
Ова не е првпат Микаела јавно да сподели колку пари троши. Минатата година таа објави видео во кое кажува дека нејзините трошоци се зголемија за речиси четири пати односно наместо 29.500 евра почнала да троши повеќе од 106.000 евра.
Месецот во кој потроши најмногу пари беше ноември, кога нејзините трошоци изнесуваа повеќе од 175.000 евра, откако купи божиќни подароци за своето семејство во брендирани продавници како Луј Витон и Прада.
Рекордот на Микаела беше минатата година, кога потроши 872.744 евра.