Реклама
Нега и здравје

Како со природни сокови до подобро здравје

Реклама

Сите знаеме дека свежо исцедените сокови се многу корисни за организмот како богат извор на витамини, минерали и други хранливи материи.

Свежо исцедениот сок брзо се апсорбира и не го преоптеретува системот за варење. Различните сокови имаат различни ефекти на човечкиот организам, на пример: јаболка – помага при анемија и гастритис, патлиџан – го регулира метаболизмот и го снижува високиот крвен притисок, грозје – го чисти организмот од штетни материи, додека за полезните дејства на соковите од морков, цвекло и зелка може да се напишат цели книги…

Маркетинг

Свежо цедените сокови претставуваат основа за многу терапевтски диети од причина што содржат антибактериски, противзапалителни и редукциони елементи кои се неопходни за нормално функционирање на организмот. Но она што мора да се има во предвид е дека свежо исцедените сокови треба да се пијат веднаш по приготвувањето бидејќи поради контактот со кислородот брзо ги губат своите лековити својства. 

Маркетинг

Доволно е да се пијат 300 мл свежо исцеден сок дневно.

СОК ОД МОРКОВИ

Свежо исцедениот сок од морков е најпознат од соковите од зеленчук. Содржи многу бета каротен, витамини од групата Б, калиум, калциум, кобалт и др. минерални материи поради што е посебно користен за децата и луѓето со слаб имунитет и проблематична кожа. Бета каротенот е многу користен за видот но за негова апсорпција во организмот треба да се внесува со некоја мрсна храна, најдобро салата зачинета со растително масло. За внес на витамините кои ги содржи морковот доволно е пола чаша сок на ден.

Со овој сок не треба да се претерува (не треба да се внесува повеќе од половина литар сок од морков дневно) бидејќи вишокот на бета каротен во организмот ја оптеретува јетрата и кожата може да стане жолтеникава. Овој сок треба да го избегнуваат луѓе што имаат чиреви или дијареја. Пиењето на сок од морков во период кога се сончате или посетувате солариум ќе ви помогне да постигнете многу подобар исончан тен.

СОК ОД ЦВЕКЛО

Сокот од цвекло е најефикасен за создавање на црвени крвни зрнца и за подобрување на крвта воопшто. Една чаша сок од цвекло може да предизвика реакција на чистење на организмот, дури и мачнина и блага несвестица и затоа најдобро е да се пие во комбинација со морков додека организмот да се привикне на него. Комбинацијата на сок од цвекло и морков е најдобар природен градител на црвени крвни зрнца, односно еритроцити, придонесува за подобрување на памтењето и ширењето на крвните садови.

Оваа комбинација од цвекло и морков е посебно корисна за жените ако се конзумира во количина од 500 мл дневно. Сокот од цвекло е многу користен за менструални преметувања, посебно ако се пие во мали количини 50 до 100 мл, два до три пати дневно. Оваа постапка дава одличен ефект и во текот на климактериумот.

Содржината на калциум во цвеклото го помага одвивањето на сите физиолошки функции во организмот, содржината на хлор ги чисти јетрата, бубрезите и жолчното ќесе. Сокот од цвекло е едно од најдобрите природни средства за хипертонија, слабокрвност, за зајакнување на нервниот систем при неурози и несоници и за подобрување на општата состојба на организмот. Најдобро е по цедењето сокот од цвекло да се остави неколку часа во фрижидер, потоа да се отстрани пената и да се употребува во комбинација со сок од морков во сооднос 1:4. Препорачаната дневна доза на сок од цвекло е максимум 100 мл.

СОК ОД ДОМАТИ

Свежиот сок од домати е еден од најкорисните сокови кој има алкална реакција, под услов да не се конзумира во комбинација со концентриран шеќер и скроб, бидејќи тогаш реакцијата ќе биде кисела. Доматот содржи висок процент на лимонска и јаболкова киселина, како и одреден процент на оксална киселина. Овие киселини се неопходни за процесот на размена на материи во организмот кога се наоѓаат во органски облик, но кога доматот се вари или конзервира тие стануваат неоргански и како такви се штетни за организмот.

Создавањето на камен во бубрезите или мочниот канал понекогаш е директно предизвикано од конзумирање на варени или конзервирани патлиџани, посебно во комбинација со скроб или шеќер. Сокот од патлиџан го стимулира создавањето на желудечен сок и ја подобрува работата на срцето. Само една чаша сок од домати ја обезбедува половината од дневната потреба од витамини А и Ц. Овој сок многу често се користи во комбинација со соковите од јаболка, тиквичка и лимон, во сооднос 2:4:2:1, посебно за симнувањето на вишокот килограми.

СОК ОД ЈАБОЛКО

Сокот од јаболко е многу користен за срцето и крвните садови, посебно за лицата кои интензивно се занимаваат со умствена работа. Сокот од јаболка помага при авитаминоза и слабокрвност. За ослободување од вишокот килограми се препорачува комбинација од сокови: од јаболко 100 мл, од диња 50 мл, од патлиџан 5 мл, и од лимон 25 мл.

За артериосклероза, хипертонија, дебелина, болести на жолчното ќесе, потребно е да се пие пола чаша сок од јаболко 15 до 20 минути пред јадење.

СОК ОД ПРАСКА

Сокот од праска помага при слабокрвност, пореметување на срцевиот ритам, болести на желудникот со смалена киселост, при опстипација … Се конзумира половина

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button