Нездравата исхрана е една од главните причини за високиот крвен притисок.
Нездравата исхрана е една од главните причини за високиот крвен притисок. Преголемиот внес на масти, шеќери, сол и бело брашно, доведува до појава на оваа состојба кај возрасното население, но, за жал. сѐ повеќе ги погодува и младите. Доколку не водите сметка и не ги слушате сигналите кои ви ги испраќа телото, можно е да не знаете дека ви е покачен крвниот притисок, сѐ додека тоа не стане алармантно. Хипертензијата е водечка причина за инфаркт, болести на срцето и прерана смрт, па затоа овој проблем треба да го сфатите сериозно. Здравата исхрана е превентива, па затоа се препорачува начин на исхрана богата со калиум, затоа што овој минерал го намалува крвниот притисок и го стимулира исфрлувањето на течностите.
Колкав треба да биде крвниот притисок според возраста и полот >>
Намирници кои се вистинска ризница на калиум се бананите, портокалите, компирот, доматите, интегралните житарки и здравото свежо месо. Нутриционистите исто така советуваат користење сол, но само во мали количини!