ВестиВиралноПатувања

Светот во шок – дете преживеа лет од 1.150 километри меѓу тркала на авион

Advertisement

Тринаесетгодишно момче од Авганистан ја запрепасти јавноста откако беше затекнато како шета по пистата на аеродромот во Њу Делхи.

На почетокот се мислело дека залутал, но надлежните потоа дознале неверојатна приказна, пренесува „Делји Мејл“. Малиот признал дека се сокрил меѓу задните тркала на авион на компанијата „Kam Air“, во делот на стајниот трап, кој два часа претходно полетал од Кабул!

Advertisement

Среќна околност е што преживеал лет долг 1.150 километри, а на пистата го пронашле припадници на безбедносната служба. Со себе немал никакви документи, па по неколку часовна истрага бил депортиран назад во Кабул – со истиот авион со кој и пристигнал.

За време на испитувањето, момчето изјавило дека „влегло во леталото од чиста љубопитност“. Според безбедносните служби, успеал незабележано да се вовлече на аеродромот и да се скрие меѓу тркалата.

Подоцнежната проверка открила мал црвен звучник во стајниот трап, единствената работа што ја оставил зад себе. Иако на почеток изгледало како да знаел каде оди, се испоставило дека планирал да отпатува за Иран, но не знаел дека авионот лета за Индија.

Advertisement

Ова момче не е единственото што решило да ја мине границата како „слеп патник“ во авион. Еден од познатите случаи е забележан во 2021 година, кога шеснаесетгодишно момче од Кенија преживеало лет од Лондон до холандскиот град Мастрихт, криејќи се во трупот на авионот, и тоа на температура од -30 Целзиусови степени. За жал, повеќето вакви обиди завршуваат трагично. Луѓето најчесто умираат поради недостаток на кислород, смрзнување или повреди, а нивните тела подоцна ги откриваат шокираните членови на екипажот или персоналот на аеродромот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button