Реклама
FashionСтил

Светкаво на сите страни – најдобрите парчиња за дотерување од H&M! Од РАБОТА ВО ДИСКО!

Реклама

Сезоната на светките започна! Предновогодишните забави се веќе во тек. Време е да нурнете низ бутиците и да одберете што ќе облечете за прославите или рандом забави со пријателките.

Во овој период на годината не е чудно и преку ден да бидете дотерани во нешто светкаво, ќе има и дневни журки, па секогаш бидете тип-топ за да не морате да одите до дома за да се пресоблекувате.

H&M помислиле на тоа и новата колекција ја адаптирале во таа насока. Од работа во диско!

Маркетинг
фото Glamur.mk

Како би изгледало тоа? Еве неколку предлози од нас.

Она што го заклучивме од нашата неколкучасовна прошетка во продавницата беше тоа дека црно во комбинација со сребрено доминира, има и за оние кои сакаат црвена боја многу избор, а и бордото не е исклулено од можност.

Маркетинг

ФУСТАН ОД СОНИШТАТА

фото Glamur.mk

Овој мини црн фустан со дискретни светки е елеганција во движење. Прилега на дама со шарм, сигурна во себе. Можете да го комбинирате со високи црни чизми или црну хулахопки со сребрени чевли. Еве најдовме и такви од истиот бренд.

фото Glamur.mk

За овој аутфит црна бунда или капут би биле вистинската комбинација за вас.

МИНИ ЗДОЛНИШТЕ ЗА ТЕНКИ НОЗЕ

фото Glamur.mk

Доколку се грижите за вашата фигура и имате совршено обликувани нозе, ова мини здолниште со светки ќе ви стои совршено. Наш предлог е да го комбинирате со црвена ролка или тенка блузичка, маичка на бретели во зависност од тоа каде одите и дали ќе биде таму топло, црвени чизми или салонки, црвена чанта и црвен капут. Ќе блеснете како божица!

МАШНА

фото Glamur.mk

Машните се тотален хит и за оваа зима. Одберете да ги иамте во коса или на вашата облека, фистан со машна, сако, панталони…

ШЉОКИЦИ ПОВТОРНО ВО МОДА

фото Glamur.mk

Тенка е границата за шљокиците да изгледаат отмено и кич. Ако се одлучите за нив како опција тогаш минимизирајте го останатиот дел од облеката со умерени детали.

Во H&M ќе најдете интересни широки фустанчиња кои стојат перфектно.

фото Glamur.mk
фото Glamur.mk

НАЗАД ВО 90-ТЕ

фото Glamur.mk

Ѕвонарки со светки кои многу лесно се комбинираат. Предлагаме црна или темно сива боја за отмен изглед. Ако сакате да бидете повчепатливи тогаш ставете нешто во дреч.

фото Glamur.mk

АКО НЕ СТЕ ПО СВЕТКИТЕ

фото Glamur.mk

Има нешто и за вас! Во следната прошетка ќе ги составиме предлозите за вас.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button