Светец на денот – Свети Тимотеј, еден од апостолите кои престојувале во Македонија
Денес, 4 февруари, го празнуваме Св. ап. Тимoтeј, eдeн oд сeдумдeсeттe апoстoли.
„Внимавај,“ – му пишува апостол Павле на Тимотеј, – „никој да не ја презира твојата младост, туку биди пример за верните – во збор, во живот, во љубов, во дух, во вера, во чистота. Додека не дојдам, занимавај се со читање, со поуки и со учење. Не занемарувај го дарот што е во тебе“ (1 Тим. 4, 12-14).
„Придржувај се до правдата, верата, љубовта, мирот со сите што го повикуваат името на Господа со чисто срце. Избегнувај ги глупавите и неразумни расправи, знаејќи дека тие предизвикуваат расправии; а слугата Господов не треба да биде кавгаџија, туку добродушен кон сите, способен да поучува, трпелив, со кротост да ги исправа оние што се спротивставуваат“ (2 Тим. 2, 22-25).
„Проповедај го словото, настојувај во време и невреме, забранувај, охрабрувај со сето долготрпение и поука. Биди буден, поднесувај навреди, извршувај ја службата на благовесникот, исполнувај ја својата должност“ (2 Тим. 4, 25).
Апостол Тимотеј ги исполнил заповедите на својот свет учител. Тој бил првиот епископ на Ефес и ревносно се трудел да ја утврди христијанската вера. Исто така, примал поуки од апостол Јован Богослов, кој проповедал во Мала Азија, и по смртта на епископот, Тимотеј, по своето враќање од островот Патмос, останал во Ефес како епископ.
Најомилен ученик на Свети Павле
Свети Тимотеј бил најомилениот ученик на светиот Павле, добил високи пофалби од него на многу места во неговите Посланија. И тој самиот искрено го сакал светиот Павле како татко и никогаш не го напуштил откако беше избран од него и земен со себе да проповеда.