Светец на денот – Св. вмч. Тeoдoр Стратилат, молитва за победа над непријателите
Пред неговата икона се молат за зајакнување на верата и победа над непријателите.

Овој светител се почитува како великомаченик и заштитник на христијанската војска, како и заштитник од злото.
Интересно е што во словенската христијанска традиција постојат три верзии на житието на светецот. Сите тие се преведени од грчки. Бил многу убав, но свесно ги презел на себе сите маки заради верата во Христос.
Кратката верзија го опишува подвигот на светецот, неговите маки и маченичката смрт по наредба на царот Ликиниј. Теодор ја претрпел својата маченичка смрт на крст, но бил воскреснат од ангел.
За врeмe на ситe тиe мачeња, св. Тeoдoр нeпрeстајнo гoвoрeл: „Слава Ти, Бoжe, слава Ти!”
Целосната верзија се заснова на кратката, но дополнително ја опишува и неговата победа над страшната змија.
Во христијанската традиција, Свети Теодор Стратилат се почитува поради неговата верност кон Христос и победата над ѓаволското зло. Пред неговата икона се молат за зајакнување на верата и победа над непријателите.
Моштите на светителот се во катедралата на Христос Спасителот во Венеција, а левата рака на светителот во манастирот Мега Спилео, во Грција.
Молитва за победа на непријателите и злото
на Свети Великомаченик Теодор Стратилат
Господи, Боже Семоќен, Кој не ги оставаш оние што се надеваат на Твојата милост, туку ги заштитуваш!
Биди милостив кон мене и заштити ме од ѓаволските прелести со Твојата закрила, за да не паднам пред непријателите мои и за да не се зарадува непријателот мој за мене.
Застани покрај мене, Спасителу мој, во оваа борба за Твоето свето име.
Ти ме укрепи и утврди, и дај ми сила храбро да стојам за Тебе пред Тебе и избави ме од секое зло,
Амин!