Свештеник донесе икона во болница, а Богородица почна да мироточи – божјо чудо пред очите на болните
Чудотворната икона „Омекнување на злите срца“ донесе надеж и утеха на болните – сведоци велат дека целиот ходник бил исполнет со миризба на свето миро.

Во една од болниците во рускиот град Ростов, кој се наоѓа во југозападниот дел на Русија, на брегот на реката Дон, се случило нешто што ги потресло сите присутни.
Во еден од затемнетите болнички ходници, свештеник донел света икона на Пресвета Богородица, позната како „Омекнување на злите срца“ или „Седум стрели“. Никој не можел да претпостави дека оваа света икона ќе стане извор на духовно и телесно исцеление.
Додека сите со нетрпение очекувале да видат што ќе се случи, пред нивните очи се случило чудо – иконата почнала да мироточи.

– Штотуку излеговме од одделот за интензивна нега. Ни дадоа можност да помагаме со светото миро што истекува од оваа чудотворна икона – рекол свештеникот со длабока вера и восхит кон Божјата сила.
Во моментот кога започнал да ја чита молитвата за здравје, во просторијата се почувствувал неопислива миризба на свето миро што излегувало од иконата.

– Веднаш штом влеговме во болницата и започнавме со молитвата за болните, се случи ова чудо – иконата почна обилно да мироточи. Можете да ја видите, целата икона е облеана со миро – сведочел свештеникот, шокиран од необјаснивото божествено чудо.



Иконата „Седум стрели“, која низ вековите се смета за заштитничка на луѓето во мака, уште еднаш ја покажа својата моќ.
Болничките ходници биле осветлени не само од нејзиниот свет лик, туку и од надежта што ја внела кај сите присутни. Многумина не можеле да ги задржат солзите, сфаќајќи дека Божјата Мајка не е само на иконата – таа е во срцата на сите што се молат, во секој болен кој бара утеха и во секоја искрена надеж за исцеление.
– Богородица ги посети нашите млади – рекол свештеникот, зборувајќи за пациентите во критична состојба.
– Има млади кои се во многу тешка состојба. Ги помазавме со миро и се молиме за сите. Богородица нека ги благослови и нека им подари брзо оздравување – додал тој.
Зборовите на свештеникот одекнувале низ болницата, а мирисот на светото миро се ширел како знак на Божјиот благослов. Ниту еден од присутните не останал рамнодушен пред ова чудо.
– Можете да бидете сведоци, сами да видите – повикал тој, нагласувајќи дека ова не е нешто што може да се објасни со зборови, туку само да се почувствува со срцето.
Во атмосфера исполнета со страдање, Богородица била таму – во болката, во тишината, но и во надежта.
– Нека ве чува Бог – завршил свештеникот, оставајќи го народот со чувство на нешто возвишено, нешто што ги надминува границите на реалноста – Божја присутност што исцелува и тело и душа.
Ова бил момент кога верата станала опиплива. Во болничката тишина, меѓу ѕидовите исполнети со страдање, постоела светлина што доаѓала од небото. Како и секогаш, Богородица била тука – да подаде рака, да донесе утеха и да потсети на силата на молитвата и надежта во најтешките моменти.