Сведок од еден иселеник во Германија: Ако дојдете на работа во 05:50, веќе доцните
Еден иселеник кој со години живее во Германија, открива како изгледа реалноста кога сте вработени во германска фабрика.

„Со неполни 20 години отидов кај родителите во Германија. По тогашните закони бев малолетен, а служев војска. Полнолетството беше со наполнети 21 година. За неколку месеци ги средив документите и пронајдов работа од оглас. До тогаш малку работев на црно. Ми беше тешко да станувам во 04:30, но се навикнав. Се работи од 06:00 часот. Ако дојдете на работа во 05:50, веќе доцните.“
„Тогаш нема да стигнеш да направиш ништо, ниту пресоблекување, ниту кафе… Во 06:01 веќе се слушаат машините како да е 10:00 часот. Од 08:55 до 09:00 се мијат рацете, а од 09:00 до 09:10 е појадокот. Времето за појадок паѓа на терет на работодавачот. Во 11:55 се мијат рацете, од 12:00 до 12:30 време е за руче,. Во текот на работата понекогаш нема време ниту вода да се напиете, а ако сакаш да отидеш до тоалет (не е ограничено колку пати), викнуваш некој да те замени“, напоменува работникот.
„Кој не сака да се навикне на таква и на слична дисциплина, нека си остане дома. Условите за работа се одлични. Иста температура и лето и зима. Кога се работи – се работи, а кога одиш дома, никој не те вознемирува во врска со работата.“