III НЕДЕЛА
Распоредот на оброците и намирниците во третата недела ќе ви помогне да почнете да се ослободувате од тврдоглавите масни наслаги. Во оваа недела не смеете да консумирате протеини навечер (освен евентуално еднаш или два пати во неделата да си дозволите јогурт или немасно сирење навечер). Вечерата е резервирана за квалитетни јаглехидрати.
Не заборавајте на свежо исцедените и неразредени овошни сокови со секој појадок и вечера, и на ужините за кои важи истото правило како за втората недела – ги избирате сами, со тоа што јаткастото овошје е дозволено најмногу три пати во неделата.
Појадок
Во третата недела претпладне јадете само овошје – колку што сакате овошје, освен банани – дозволена е само една банана на ден.
Ручек
Комбинирајте нешто од понудените опции за првите две недели – протеини (месо, јајца или свежо сирење) со салати или печен, варен или обарен зеленчук.
Вечера
Нема протеини –комбинирајте јаглехидрати (интегрални житарки, интегрални тестенини, ориз или варен компир) со зеленчук (подготвен на кој било од начините) или со салати.
IV НЕДЕЛА
Исто како и втората недела, со тоа што можете да ги заменувате деновите и оброците, а месен оброк можете да имате само еднаш дневно.