II недела
Придржувајте се на основните правила на исхраната – 5 оброци, 3 поголеми и 2 ужини. Ужините можете сами да ги избирате од понудените опции за првата недела (јаткастото овошје можете да го изберете најмногу 3 пати во неделата). Во втората недела се додаваат повеќе протеини и здрави јаглехидрати во оброците.
Ден 1
Појадок
Исцеден сок од грозје или цитрон без вода, 30 гр. овес варен во вода или немасно млеко (може и овесни снегулки во млеко или јогурт), 1 портокал или јаболко
Ручек
300 мл. супа од зеленчук (како првиот ден), 50 гр. свежо сирење, 2 парчиња интегрален тост/двопек, јаболко
Вечера
Исцеден сок од овошје по желба без вода, хамбургер од 200 гр. немасно говедско месо и зачини, печен на скара или грил тава без маснотии, зелена салата со маслиново масло и оцет, 6 чери домати, овошен јогурт со ниска масленост.
Ден 2
Појадок
Kако и ден 1 + 1 варено јајце
Ручек
200 гр. пилешко (бело) месо, тиквички и домати печени на грил тава или скара
Вечера
Исцеден сок од грозје или цитрон без вода, вариво од мешунки по избор (боранија, грав или грашок), по желба со морков и кромид и со малку компири.
Ден 3
Појадок
Исцеден сок од портокал или цитрон без вода, 1 јајце (варено, поширано или кајгана без маснотии), 30 гр. свежо немасно сирење, 1 интегрален тост со 1 лажичка мармалад
Ручек
Салата од моцарела (до 200 гр.) и домати (колку сакате), 1 јогурт со ниска масленост, 1 јаболко
Вечера
Исцеден овошен сок без вода, 200 гр. интегрални тестенини во сос од домати или со динстан зеленчук по избор
Ден 4
Појадок
Како и ден 1
Ручек
3 лажици варен интегрален ориз со варен (динстан или обарен) зеленчук по желба, колку сакате
Вечера
Исцеден сок од портокал или цитрон без вода, риба по избор (до 300 гр.) и подготвена по желба, варена или попарена блитва, 1 мал варен компир.
Ден 5
Појадок
Исцеден овошен сок без вода, 30 гр. пченкарна палента и 1 немасен јогурт
Ручек
Пилешко – бело месо или карабатак (до 200 гр.), салата од домати, пиперки и краставици (колку сакате).
Вечера
Исцеден сок од портокал или цитрон без вода, салата со шунка – измешајте зелена салата, домати, малку јаткасто овошје, до 150 гр. шунка и 50 гр. свежо сирење, зачинете со маслиново масло.
Ден 6
Појадок
Како и ден 1
Ручек
200 гр. интегрални тестенини во сос од домати или со динстан зеленчук по избор (колку сакате зеленчук).
Вечера
Исцеден сок од грозје или цитрон без вода, 150 гр. телешко исечено на парчиња и динстано со 150 гр. шампињони, салата од свеж зеленчук по избор зачинета со маслиново масло и оцет.
Ден 7
Појадок
Исцеден сок од портокал или цитрон без вода, 1 јајце (варено, поширано или кајгана без маснотии), 30 гр. свежо немасно сирење, 1 интегрален тост со 1 лажичка мармалад
Ручек
Риба или пилешко (до 200 гр.) со динстан зеленчук по избор, 1 портокал
Вечера
Исцеден овошен сок без вода, 1 голем варен компир во лушпа и боранија или кељ варени или обарени (колку сакате).
Премини на следната страна >>