Годинава принцот Хари и Меган Маркл се заколнаа на вечна љубов на свечена церемонија. Овој настан беше долго раскажуван и озборуван, но дали сѐ уште го има најголемото медиумско значење?
По свадбата на популарната италијанска блогерка Кјара Ферањи на Сицилија, изгледа дека кралската венчавка остана малку во сенка. Имено, експертите го споредиле медиумското значење на нејзиното стапување во брак со венчавката на Меган Маркл и принцот Хари.
Аналитичарите се согласни дека оваа блогерка донела дури два пати повеќе пари од војвотката од Сасекс. Оваа венчавка е постојано во центарот на вниманието на медиумите, а истата му донела на Диор 5,2 милиони долари.
Заклучок: Венчаницата на популарната Италијанка имала двојно поголемо влијание од фустанот на Меган Маркл!