Реклама
Наши ѕвезди

Горе кусо и пpoѕирно, а долу шoкантно – Сузана Гавазова во ова Ким КАРДАШИЈАН издание никого не остави рамнодушен!

Реклама

Е ова е одличен мал црн фустан

Пејачката објави селфи фотографии облечена во мал црн фустан со кои предизвика внимание на социјалните мрежи.

Маркетинг

Во прашање е еден од оние модели за кои најпознатите светски дизајнери веќе со децении не советуваат дека секоја жена треба да го има во својот плакар.

Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова на социјалните мрежи објави неколку селфи фотографии и видеа со кои покажа комбинација што и стои одлично.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Таа носеше мал црн фустан и високи потпетици од ПВЦ какви што обожава да носи Јелена Карлеуша и Ким Кардашијан.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

И како што веќе рековме, ваквите фустани се една од оние работи што треба да ги има во секој плакар, а познатата пејачка ни покажа како изгледа нејзиниот. Тие се совршени за сите оние ситуации кога не знаеме што да облечеме, а сакаме да изгледаме убаво и притоа да играме на сигурно.

Посебно ако комбинираме со еден ваков шик модел на салонки какви што носи и Гавазова, а какви обожаваат и многу познати дами од целиот свет.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Во прашање е тренд кој се појави пред неколку години, а кој го обожава и шпанската кралица Летиција.

Што се поднесува до нашата пејачка, од нејзините најнови фотографии можеме да заклучиме дека Сузана сака да експериментира со модните комбинации и на тој начин да им биде инспирација на жените за облекување. Таа овој пат ни покажа како изгледа нејзиниот мал црн фустан, но и како стои истиот со еден ваков пар високи потпетици.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Во продолжение погледнете како овој тренд го носи нашата позната пејачка, но и неколку слични шик модели.

GIANVITO ROSSI
CHRISTIAN LOUBOUTIN
AMINA MUADDI
GIANVITO ROSSI
AQUAZZURA
MAGDA BUTRYM
MAGDA BUTRYM
ALEXANDER WANG
GIANVITO ROSSI
GIANVITO ROSSI
GIANVITO ROSSI
GIANVITO ROSSI
ALEXANDRE VAUTHIER
GIANVITO ROSSI
ALEXANDRE VAUTHIER
GIANVITO ROSSI
AQUAZZURA
GIANVITO ROSSI
ALEXANDRE VAUTHIER
CHRISTIAN LOUBOUTIN
MANOLO BLAHNIK

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button