Сузана Турунџиева живеела во напуштено училиште кога била дете, а сакате ли да знаете зошто добила ќотек од мајка ѝ?
Во тоа време многу беа популарни Здравко Чолиќ и локиците - вели водителката.

Прекрасната водителка Сузана Турунџиева, пејачка, музичар, креативец и автор е една иснпирација за многу жени. Животот ѝ приредил многу изненадувања на оваа жена, поминала многу семејни трагедии, па затоа и важи за една од најсилните жени од јавниот живот.
Таа веќе неколку години е дел од утринската програма на „Алфа телевизија“ и гледачите многу ја сакаат. Тивка, културна, со милозвучен глас да ти е мерак да ја слушаш наутро.
Ќе се потсетиме дека по разводот со Александар Маленко таа се омажи за сопственикот на една скопска кафеана, Марјан беше голема љубов за Сузе, но за жал судбината одлучи да остане без него. Тој ненадејно почина, пред очите на нивната малолетна ќеркичка Матеа.
– Многу ми е криво што не успеавме да го спасиме, но за него беа секунди во прашање, ни Брзата помош не успеа да му помогне. Тешко беше да се состави животот по неговата смрт, тешко беше да се состави и животот на Матеа која беше многу мала, а се се случило пред нејзините очи – вели водителката во емисијата „Мамавизија“.
Животот на Сузана не ѝ бил лесен уште од почеток. Таа раскажува и за тоа дека еден период од животот кога таа и нејзиниот брат биле многу мали, заедно со семејството живееле во напуштено училиште во селото Маково. Турунџиева се присетува за тоа колку ѕвезди имало во селото и дека со брат ѝ секогаш се карале чија е најсветлата ѕвезда.
– Моите родители беа учители во Маково и едно врме живеевме таму, немаше каде, а моравме да штедиме пари за да си купиме стан, па моите купија нива за да садат тутун и тогаш сите живеевме во напуштено училиште. Да, јас мајка ми, татко ми и брат ми. Во една од училниците имавме ставено кревет за спиење, шпорет каде што мајка ми готвеше – раскажува Турунџиева.
Ова таа го има раскажано и во нејзината книга „Животот не е бајка“ посветена на нејзината мајка.
Братот на Сузана почина многу млад, таа често знае на социјалните мрежи да се присети на него со некоја емотивна порака.
Во емисијата Турунџиева низ смеа раскажува за тоа кога добила ќотек од мајка ѝ.
– Бев од прилика прво одделение, имав една кукла од Шпанија мислам дека ми беше подарок со убава коса и убав фустан, па јас сакав да си ги пробам моите фризерски вештини. Во тоа време многу беа популарни Здравко Чолиќ и локиците. Ги земав ножиците и сакав на куклата да ѝ направам иста фризура како на локиците. Кога ме виде мајка ми ми удри таков ќотек што никогаш не го заборавив, а таа за чудо не се сеќава – рече таа.
Целата емисија со Сузана Турунџиева можете да ја погледнете на следниот линк.