CelebrityНаши ѕвезди

Сузана Турунџиева по девет години од смртта на сопругот – „Сами доаѓаме на овој свет, никој не гарантира дека ќе заминеме во пар“ (Видео)

Advertisement

Девет години по смртта на нејзиниот сопруг Марјан Јовановиќ, водителката и писателка Сузана Турунџиева отворено проговори за тоа како денес го гледа бракот, осаменоста и љубовта. Гостувајќи во емисијата „Нешто конкретно“ со Снеже Велков, таа искрено откри дека не чувствува потреба по секоја цена повторно да влезе во брачна заедница.

„По смртта на мојот сопруг, се насочив кон други работи и не сметам дека човек мора да има партнер за да биде комплетен. Ние сами доаѓаме на овој свет, и никој не гарантира дека ќе заминеме во пар“, изјави Турунџиева.

Advertisement

Водителката нагласи дека искрено се восхитува на успешните бракови, но со години гледа и бројни примери на луѓе кои живеат во осаменост и покрај тоа што имаат партнер.

„Секоја чест на оние што успеваат да се синхронизираат и да го носат товарот на брачната заедница. Но има многумина кои се чувствуваат сами иако се во брак“, додаде таа.

Турунџиева вели дека не ја исклучува можноста повторно да засака, но дека моментално е фокусирана на многу други сегменти од својот живот. Посебно место во нејзиното секојдневие има хорот „Фрида“, кој таа го основаше и кој брои околу 150 жени.

„Имам големо и богато семејство околу себе. Жените од ‘Фрида’ ме прават среќна и постојано се надополнуваме. Искрено, со толку многу преокупации, не ни размислувам за нов брак“, откри Сузана.

Таа е мајка на Лора, која ја доби во бракот со пливачкиот тренер Александар Маленко, и горда баба на седумгодишниот Јаков. Од бракот со трагично починатиот Марјан Јовановиќ ја има ќерката Матеа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button