Сузана ги продава луксузните автомобили на Саша Поповиќ – еве зошто ја донела оваа срцепарателна одлука!
„Сузана сè уште не може да се соземе од тага по Саша. Дома сè ја потсетува на него, и тоа ѝ паѓа многу тешко. Посебно се крши кога ќе ги види автомобилите што Сале ги обожаваше и на кои никогаш не жалеше пари“.

Сузана Јовановиќ е скршена од болка по смртта на нејзиниот сопруг Саша Поповиќ, а нејзината последна одлука покажува колку ѝ е тешко да се помири со загубата на саканиот сопруг.

Таа решила, по завршувањето на оставинската расправа, да продаде два луксузни автомобила, додека ќе ги задржи само оние две возила што најчесто ги користи.
– Сузана сè уште не може да се соземе од тага по Саша. Дома сè ја потсетува на него, и тоа ѝ паѓа многу тешко. Посебно се крши кога ќе ги види автомобилите што Сале ги обожаваше и на кои никогаш не жалеше пари – вели извор за српски Курир.

Таа одлучила да ги продаде двата електрични автомобили од марката BMW, чија вкупна вредност е околу 200.000 долари.
– Не ѝ се потребни тие возила, а ќе го задржи само црниот џип „мерцедес“ и „смарт“, кој најчесто го вози, бидејќи ѝ е најпрактичен кога оди во град и завршува секојдневни обврски. Некои од автомобилите Саша веќе ги врати во автосалон пред крајот на животот, од каде што ги имаше земено и возено низ град. Веќе има голем интерес за нив, па би ги продала веднаш доколку може, но мора да почека да заврши оставинската постапка.

Да потсетиме, Саша Поповиќ почина на онколошкиот институт „Густав Руси“ во предградието на Париз, каде што со месеци се лекуваше, а беше погребан на 6 март на гробиштата во Белград. Иако за лекување потроши огромна сума на пари, за жал, лек немаше.