Наши ѕвезди

Сузана Гавазова и Аца Лукас ја запалија Швајцарија – публиката во трнс, пејачката до папокот

Енергијата беше фантастична, мобилните цела вечер снимаа и испливаа бројни видеа од настанот

Advertisement

Публиката во еден глас ги пееше нивните најголеми хитови, а најјако беше кога двајцата заедно запеаја на сцената.

Аца Лукас и Сузана Гавазова вчера направија одлична забава на нивниот заеднички хуманитарен настап во Швајцарија.

Advertisement

Салата беше исполнета од последно место и за концертот се бараше влезница повеќе, а публиката беше воодушевена.

Инстаграм

Музичарите уште од првиот такт успеаја да ги кренат сите на нозе, а вистинска кулминација беше кога Гавазова и Лукас на сцената заедно ја испеаја популарната песна „Кад замиришу јорговани“.

„Незаборавна ноќ. Имав чест да запеам со живата легенда Аца Лукас“, напиша Гавазова по концертот со видеото што го сподели на Инстаграм.

Инстаграм

Инаку, пејачката како и секогаш привлече внимание и со својот изглед, а овој носеше тоалета во која изгледаше фасцинантно.

Инстаграм

Станува збор за елегантен, розов фустан кој совршено ја истакна нејзината убава и вита линија и во кој популарната фолкерка изгледаше поприлично заводливо, но воопшто не наметлив.

Инстаграм

Креацијата имаше длабок шлиц така што во фокусот беа нозете, но и деколтето со кое Гавазова и овој пат блескаше.

Инстаграм

Кога се појави на сцената и го здружи својот глас со Лукас, публиката падна во транс и заедно со нив го пееја големиот хит.

Енергијата беше одлична во текот на цела вечер, така што телефоните во секој момент можеа да фатат одличен кадар.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:

Инстаграм

Потсетуваме, Сузана Гавазова неодамна се вклучи во живо во емисија кај Боки 13 и за прв пат отворено зборуваше за тоа колку заработува. Таа откри колкав и е хонорарот, но и дека концертот со Лукас е од хуманитарен карактер, а повеќе за тоа што кажа пејачката, откријте тука или на линкот што следува во продолжение:

Нема да ви се верува колку пари заработува Гавазова – сиромашното детство нема да го заборави (видео)

Инстаграм

Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button