Неверојатните креации што се јадат подготвени, односно, скулптурирани од Сузана Аврамовска оставаат без здив. А секако ќе ве остават и без „празно место“ во желудникот.
Овојпат, пред големиот христијански празник Божиќ, Сузана ни носи извонреден рецепт за печивото Палмиер, чија миризба сигурно ќе ве наврати во детството.
Рецепт
![](/wp-content/uploads/2025/01/p1.jpg)
Една плочка готово лиснато тесто полуодмрзнато, се расукува на работна површина претходно посипана со кристал шеќер и рендана кора од еден портокал, убаво да навлезе шеќерот во тестото…исто се посипува со кристал шеќер (околу 50 гр вкупно) и од страната која се сука.
Се завиткуваат двата краја кон средината паралелно како за ролат, па уште еднаш да добие изглед како полжавче.
Се сечат тенки парчиња и се редат на хартија за печење во плех.
Се печат дваесетина минути на 220 степени.
Изладените половинки се натопуваат во растопено чоколадо.
Среќни и весели празници!
А, доколку сте го пропуштиле рецептот за Божиќно дрво од Сузана, еве го линкот:
Сузана Аврамовска ни носи празник за непцето и за очите – Рецепт за божиќно дрво