MAMAРецепти

Сузана Аврамовска ни носи празник за непцето и за очите – Рецепт за божиќно дрво

„Знаеш ли што е проблемот со овој свет? Сите сакаат магично решение за нивните проблеми, а сите одбиваат да веруваат во магија" - овој извадок е од Алиса во земјата на чудата, но тоа е мотото на Сузана. 

Реклама
Реклама

Неверојатните креации што се јадат подготвени, односно, скулптурирани од Сузана Аврамовска оставаат без здив. А секако ќе ве остават и без „празно место“ во желудникот.

Сузана ни ја носи празничната магија за непцето и за очите, фото – приватна архива

Сузана Аврамовска е вработена во Армијата на РС Македонија, а готвењето ѝ е страст и хоби. Многу повеќе од задоволство и за неа и за оние кои се околу неа.

Вели, готвењето и декорирањето ѝ се и своевидна антистрес терапија. А готви од мала. Сепак, последната деценија повеќе е насочена кон специфични декорации на храната, посебно кон десертите.

Маркетинг

За посебна атмосфера во сезоната непосредно пред празниците, Сузана, меѓу другите омилени зимски специјалитети, традиционално подготвува Божиќно дрво или „пањ“ торта.

фото-приватна архива

За подготовката и декорацијата издвојува околу два часа. А резултатот е неверојатен – вистински празник за непцето и за очите.

Маркетинг

За читателите на Гламур, ви го носиме рецептот на нашата Алиса, прекрасната Сузана Аврамовска.

Божиќно дрво или „пањ“ торта

Се матат 5 јајца со 100 грама шеќер и 1 ванилин шеќер. Се додаваат 50 мл. млеко и 50 мл. масло за јадење. Кога убаво ќе биде изматено се додава 100 гр. чоколада за готвење претходно растопена на пареа. Убаво се меша и се додава 80 гр. брашно и пола печиво. Смесата се истура во плех за рерна обложен со хартија за печење. Се пече на 200 степени, 15-на минути.

Откако ќе се испече, се витка во ролат со крпа и се остава да се излади.

Во меѓувреме, се мати 400 гр. слатка павлака со 400 гр. марскапоне сирење. Се дели на два дела, во едниот дел се додава 200 гр. растопена црна чоколада, а во другиот дел – 200 гр. растопена бела чоколада. Со белиот крем се мачка пандишпанот и се завиткува повторно во ролат. Се сечат две помали парчиња за чворови и се филува со темниот крем. Се украсува како пресечено дрво.

Уживанција!

фотографии – приватна архива

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button